Спомен-костурница ― костурница и споменично здание во Велес. Костурницата е почивалиште на стотина велешки борци кои загинале во НОБ.

Историја Автори на архитектонското дело биле инженер-архитектот Саво Суготин и академскиот вајар Љубомир Денковиќ од Нови Сад. Градбата била пуштена во употреба на 11 октомври 1979 година, од страна на генерал Коста Ники кој во тоа време бил претседател на Здружението на борци на Југославија.

Архитектура и особини Обликот на костурницата претставува афионов цвет кој расцветува и означува раѓање на нешто ново (од друга страна е присутна и поврзаноста на распукан шлем – симбол на победениот фашизам. Средишно во внатрешноста е поставена скулптура на расцветано дрво – симбол на слободата, а под неа се наоѓа криптата на борците. Скулптурата претставува дрво на животот и со самото будење и цутење на дрвото се симболизира раѓање на нов живот. По должината на ѕидовите лежи најголемиот мозаичен комплекс во Македонија, од околу 220 м2.

Внатрешното ликовно обликување е дело на академскиот сликар Петар Мазев, кој преку композиција од пет делови на мозаици ја претставил историјата на македонскиот народ, започнувајки од времето на Османлиите, па сè до 90-тите години на XX век. Мозаикот е изведен од природен и вештачки камен од венецијанска паста, а симболите и облиците се согледувани преку употребата на мноштво од бои.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Фотогалерија на надворешноста на marh.mk Фотогалерија на внатрешноста на marh.mk

Велес Категорија:Споменици во Велес Велес Категорија:Македонската архитектура во 1979 година