Крушевска Република (3 — 13 август 1903, Bana Armâneascâ - Nr39-40 . Bana Armâneascâ.) — востаничка месна власт во времето на Илинденското востание. По ослободувањето на Крушево, 3 август 1903, била воспоставена востаничка власт, организирана врз републиканско-демократски и револуционерни начела, под претседателство на Никола Карев, началник на Горското началство — воена власт на слободната територија.
Највисок орган на цивилната власт бил Советот на месната револуционерна власт што се состоел од 60 членови. Советот избрал Привремена управа од 6 члена: Вангел Дину (претседател и одговорен за судството), Ѓорѓи Чаче (реквизиција), Теохар Нешков (финасии), Христо Ќуркчиев (градоначалник и одговорен за редот и за безбедноста), Димитар Секулов (прехрана) и Никола Баљу (санитет).
Во текот на своето десетдневно постоење Владата организирала револуционерен суд за кривични и за граѓански предмети, поштенска служба, санитетска служба со болница, леарница за куршуми, производство на востаничка опрема, бил распишан данок и започнало собирање доброволни прилози, извршена е реквизиција на предмети и објекти за потребите на востаничката власт и за одбраната на градот, претпријатијата биле национализирани, биле изработени неколку црешови топчиња, биле преземени мерки за фортификациско утврдување на градот за одбрана.
Со декларација (позната како Крушевски манифест) било повикано муслиманското население од околните села да остане мирно.
Подготовки за кревање на Илинденското востание
Солунски конгрес
Во јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес. На третото заседание, на 16 јануари, кое траело само час и половина се прифатил и потпишал Протоколот за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Лазар Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието бар на една година, исто го потпишал затоа што и другите потпишале. Најважниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.
Подготовки во Битолскиот револуционерен округ
Смилевски конгрес
мини|десно|150п|Даме Груев Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт сè уште не се созреани.
На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се достатно подготвени. Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридско располагало само со 1 500 пушки.
Оттука, опозицијата против востанието се јавила, а во неа биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Меѓутоа несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на Македонската револуционерна организација и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:
Бидејќи групата која клонела за востание била доминантна, Конгресот уште на самиот почеток донел повеќе решенија за подготовка на востанието, а меѓу поважните биле: востанието да има партизанско-четнички карактер, да не биде масовно, односно да не востанува населението. Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ и горски началства за секој револуционерен округ. Во Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија влегле: Никола Карев, Тома Никлев и Тодор Христов - Офицерчето. Во секој реон биле определени воени лица како инструктори, а за Крушевскиот реон бил назначен потпоручникот Христов - Офицерчето.
Општ план за востанието
Во јуни по барање на Централниот комитет бил изработен Општ план за востанието Георгиев Величко и Стайко Трифонов, История на българите 1878-1944 в документи, т.I, 1878-1912, част втора, София, 1996. Во овој план било истакнато дека во согласност со одлуките на Солунскиот конгрес и советувањата во Софија, треба да се води герилска борба. Четите требало да дејствуваат насекаде и во исто време, без да се крене народот. Целта не била да се победи Турција, туку таа да не може да ги победи востаниците Ванчо Ѓорѓиев „Слобода или Смрт: македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година“, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет, 2003.. Востанието требало да биде послабо но долготрајно и борбата требала да се води до зимата, а повторно да се прогласи идната пролет. Востанието требало да почне кога ќе созреело житото и ќе се зголемела ноќта во јули. Со општиот план Македонија била поделена на 6 востанички окрузи, а во Битолскиот востанички округ, односно во I востанички округ, влегувале: Битолско, Охридско, Дебарско, Кичевско, Крушевско, Прилепско, Велешко, Мариовско, Костурско и Леринско.
Подготовки во Крушевската востаничка околија
Активност на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија
мини|лево|150п|Карев во четничка униформамини|десно|250п|Крушевска куќа Никола Карев, и покрај тоа што на Смилевскиот конгрес бил меѓу оние дејци кои се спротивставиле на востанието, по донесената одлука за негово кревање се вратил во Крушевската околија и заедно со останатите раководители презел засилена активност за подготовка на востанието. Реонскиот комитет издал наредба до сите месни комитети за забрзано собирање на оружје и општа подготовка за востанието. Карев заедно со својата чета започнал да ги обиколува селата и да ги запознава селаните за претстојното востание. Карев со својата агитација го подигал моралот на населението и ги запознал со предвидената тактика.
Покрај набавката на пушки, била преземена активност за правење на куршуми. Куќата на Пашка Бојаџиева во Крушево била претворена во работилница за производство на оружје и леење на куршуми. Оваа дејност ја извршувала т.н. интелектуална група во која влегувале: учителот Никола Киров Мајски, Методи Стојчев, Стерјо Блажев, Ташко Поп Христов, Наум Томалевски, неколку ученици и занаетчии. Групата, една недела пред востанието, изработила 9.000 куршуми за разни видови на пушки и револвери.
По наредбата на Горскиот штаб, четите започнале со вежбање и подучување на основната воена вештина во околината на Крушево. Сите членови на Организацијата кои биле способни да носат оружје, биле повикувани во групи на повеќедневна обука во гората. Од селската милиција било побарано да биде добро екипирана и да носи храна со себе за три дена. На сила била наредбата за забрана на каква било расправија помеѓу христијаните и муслиманите, за да не дојде до раздвижување на османлиските власти. Била воспоставена редовна врска помеѓу селата и Крушево, Горскиот штаб требало да биде постојано информиран за состојбата во Крушевската околија и раздвижувањето на војската или башибозукот.
Горскиот штаб издал наредба за снабдување на населението со брашно, сол, опинци и други потреби, а таму каде што било потребно се давало и пари. За време на пазарните денови, понеделник, четврток и сабота, во Крушево биле купувани сол и брашно, а преку селаните од Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Арилево и Пуста Река ги испраќале во гората, за да се направат пексимид. За правење на овие производи, во Осојо и Пуста Река биле направени специјални фурни, а таму биле испраќани и четничка облека, опинци и друго.
14 јули се паднал во понеделник, пазарен ден и во Крушево се собрале голем број на пазарџии од околните и подалечните села. Меѓу нив се нашол и Никола Карев, облечен во ќумурџиска облека. Карев дошол во градот по организациска работа. Непосредно пред неговото доаѓање, Горскиот штаб решил да бидат изработени топчиња од дрво. Тодор Христов изработил специјална скица, а Карев во Крушево го повикал Цветко Стојчев од Селце и му ја доверил задачата за изработка на замислените топчиња. Цветко исекол две големи црешни и направил седум трупци, меѓутоа поради краткиот временски период, трупците ги оставил на сонце да се исушат и поради тоа дошло до пукање на дрвото. Од седумте трупци, само три биле запазени и од нив, сè уште незасушени, биле изработени трите црешови топчиња, идната артилерија на Крушевската Република.
План за освојување на Крушево
мини|лево|150п|Тодор Христов мини|десно|350п|Гумење, местото од каде било раководено востанието во Крушевската околијамини|десно|350п|Куличе, собирен пункт на четите На 1 јули (стар стил) 1903 година, Главниот штаб за II Битолски револуционерен округ донел одлука востанието да започне на 20 јули Спомени на Борис Сарафов, односно 2 август во нов стил, соопштението за денот на востанието било умножено и растурено низ околиите. По примањето на одлуката за денот на востанието, Горскиот штаб на Крушевската околија презел конкретни мерки за изработка на план за освојување на Крушево.
Крушевските раководители востанието го разбрале како непосредно ослободување на Македонија и оттука подготовките на востанието во Крушевско биле подготовки за ослободување на градот. Затоа Горскиот штаб, легалните дејци и интелектуалната група, особено Григор Божинов и Тодор Павлов, изработиле план за денот на востанието во Крушево и околијата. Планот предвидувал:
... на 1 август (нов стил), т.е. еден ден пред востанието... преку премините Слива и Павлева Чешма, од Крушево во селото Горно Дивјаци и Пуста Река да се испратат 150 души вооружени граѓани. На 2 август вечерта уште 30 вооружени граѓани требало да излезат од градот. Со цел докрај да се запази во тајност датумот на востанието, вооружените граѓани што излегувале од Крушево требало да сметаат дека одат на вежба, поради што требало да носат храна за 1-2 дена. На денот на востанието, по вечерата, браќата Коле (Колич) и Алексо Ивановски имале должност да влезат во црквата Св. Никола, да се сокријат и, во ноќта, во определено време, да ги отворат сите црковни врати, за да можат да влезат востаниците и да зафатат позиции наспроти уќуматот. Потоа, тие требало да ги удрат камбаните, со што би ги известиле граѓаните за дигање на востанието... Организацијата имала за задача, преку посебни лица, на денот Илинден да го следи и најмалото движење во градот и во неговата околина и да презема соодветни мерки... членови на Организацијата од патријаршиската влашка средина биле задолжени да го набљудуваат делот од градот од Каменот - кафенињата до Мала Корија, од албанската патријаршиска средина - делот од Мала Корија до Мијачката Корија, од егзархиската средина - делот од Мијачката Корија до Крстот, а од влашката - романофилска средина - реонот од Крстот преку Струнга до Каменот - кафенињата. Во овој дел се наоѓала турската касарна. Групите за набљудување биле должни внимателно да ги следат сите пунктови што го поврзувале Крушево со Прилеп, Битола, Кичево и со околните села. Притоа на располагање го имале силниот коњ на Андонаки Пренда, со кој требало итно односната вест да ја пренесат до Горското началство. Пред полноќ на 2 август, Горското началство требало да ги добие последните информации од градот и да даде наредба за напад и негово ослободување .