Девојка-Ѕвер! — збирка раскази од рускиот писател Едвард Лимонов, објавена во 2007 година во издание на „Темплум“, како 58. книга во рамките на едицијата „Магма“. Изборот на расказите и преводот од руски јазик е дело на Павел Попов. Оваа книга е прв превод на творештвото на Лимонов на македонски јазик, а во неа се застапени раскази од три збирки на авторот: „Девојката ѕвер“, „Вообичаените инциденти“ и „Книга на водата“.Едуард Лимонов, Девојка-Ѕвер! Скопје: Темплум, 2007. мини|десно|220п|Едвард Лимонов Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 128 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-06-7. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Paul Cava, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“. Содржина Збирката содржи 12 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази: Девојката-ѕвер Мутант Тихиот Океан, Pacific Grows Хадсон ривер Салата „Ница“ Средоземно Море, Ница Јадранско Море, Венеција Дунав Дождот во Москва Нева Енисеј Морнарчето пристигна дома, треперејќи ја отвора вратата
Наводи
Категорија:Дела на Едуард Лимонов Категорија:Изданија на Темплум