Ригански црн балсам (според стариот правопис познат и како: Ришки црн балсам; ) — традиционален латвиски растителен ликер направен од многу различни природни состојби измешани со чиста вотка, со што пијалакот има 45% алкохол во себе. Може да се пие како таков, со коцки мраз или мешан со топли напитоци, како кафе или топло какао или измешан со сода-вода или газиран пијалак, или во некоја варијанта на коктели. Исто така, повремено се користи како додаток во сладолед. Самиот пијалак е црн и многу горчлив, но со различни вкусови.
Риганскиот црн балсам е направен од АД „Латвиски балсам“. Традиционалниот рецепт во 1742 година бил создаден од Абрахам Кунце, аптекар кој живеел во Рига и има основа од 24 различни растенија, цвеќиња, пупки, сокови, корења, масла и бобинки. Се продава во рачно изработени керамички срчи. Со време, риганскиот црн балсам станал познат и во странство, откако добил повеќе од 30 награди на меѓународните саеми.
Црниот балсам, исто така, се користи и во традиционалната медицина. Се смета дека е добро средство против настинка и се користи за ублажување на дигестивните проблеми. Се прави во Рига од средината на век. Според легендата, царицата Катерина Велика од Русија, се разболела при нејзината посета на Латвија, но била излечена пиејќи ригански црн балсам.
Наводи
Надворешни врски
rigablack.com Официјално мрежно место
Категорија:Алкохолни пијалаци