Детска трка со автомобили во Венеција (англиски: Kid's Auto Race at Venice) - краток американски филм од 1914 година, во режија на Хенри Лерман (Henry Lehrman), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин и Хенри Лерман.IMDb, Kid Auto Races at Venice (1914) (пристапено на 26.4.2016) Инаку, ова е првиот прикажан филм (а втор според редоследот на снимањето) во кој Чаплин го игра препознатливиот лик на скитникот којшто подоцна ќе го направи славен.
Содржина Филмот прикажува како за време на детската трка со автомобили во Венеција, Калифорнија, еден скитник постојано им пречи и ги нервира гледачите и камерманите, така што цело време застанува или оди пред камерата.IMDb, Kid Auto Races at Venice (1914) (пристапено на 26.4.2016)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1914 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови на Хенри Лерман Категорија:Филмови со Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Хенри Лерман Категорија:Филмски комедии