мини|Илустрација на која се прикажани Данте Алигиери и Беатриче Портинари како гледаат кон највисоките кругови на рајот. Рај — верски поим кој означува место на коешто одат душите на луѓето по нивната смрт.

Христијанското толкување на рајот Во средновековната теолошка мисла постоеле две сфаќања за рајот - рајот на земјата и рајот на небото. Во однос на толкувањето на земниот рај, свети Августин истакнал три гледишта: прво, дека земниот рај е буквална стварност; второ, дека треба да се сфати буквално и фигуративно; и трето, дека повремено треба да се прифати како физичка стварност, а повремено да се толкува спиритуално. Притоа, тој бил приврзаник на второто толкување, а неговото мислење го делеле и други теолози.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 378.

Во делото „Црковна историја на Англите“ на Беда Многупочитуван се среќава следниов опис на рајот, претставен преку видение на некој Дриктхелм кој видел бескрајно долг и неизмерно висок ѕид на кој немало ни прозорец, ни врата, ни скали. На врвот од ѕидот, тој видел убаво, широко поле, исполнето со миризливи цвеќиња, а светлината која владеела таму била посилна од сончевата светлина. Во полето шетале многу луѓе со безгранична радост и облечени во бела облека. Дриктхелм помислил дека тоа е рајот, но неговиот водич го разубедил и му покажал други места во кои светлината била уште посилна, мирисите биле уште попријатни, а насекаде се слушало слатко пеење. Подоцна, водичот му објаснил дека во тоа место се наоѓаат душите на оние луѓе кои правеле добри дела, но не оствариле толкаво ниво на совршенство за веднаш да го заслужат царството небесно; сепак, на судниот ден, тие ќе бидат примени во рајот; од друга страна, оние кои биле совршени во сите свои зборови, мисли и дела веднаш по смртта стапувале во рајот.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 194-195. Григориј Турски раскажува дека св. Салвиј се разболел и ја испуштил душата. Тогаш, неговата ќелија почнала силно да се тресе и се исполнила со силна светлина. Калуѓерите мислеле дека умрел и го подготвувале неговото тело за закопот, но утредента тој воскреснал и им ја раскажал следнава случка: По смртта, ангелите го кренале на небото и низ една светла врата влегле во огромна сала чиј под бил сјаен како злато и сребро и која била осветлена со неверојатна светлост; ангелите го однеле до местото на кое висел облак кој светел посилно од светлината и од облакот се слушнал силен глас сличен на шумот на многу води; него го поздравиле мажи во свештеничка и световна облека, а тоа биле светците и мачениците; тогаш, на него се спуштил толку пријатен мирис, што тој не сакал повеќе ниту да јаде ниту да пие; најпосле, св. Силвиј слушнал глас, иако не се гледал оној кој зборувал, а тој бил Бог.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 191-192. Во познатото дело „Видение Павлово“, за кое се претпоставува дека претставува превод на грчки текст од III век, се опишани рајските убавини при што се нагласува изобилството, претставено со реките полни со млеко, мед, вино и масло.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 213. Во своето дело „Светило“, Хонориј Августодунски пишува дека телата на жителите на рајот се проѕирни како најсјајно стакло, а нивната голотија е прекриена со бои чија убавина ја надминува онаа на цвеќето.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 261.

Интересно, во средновековните описи на рајот се споменува дека во него тече вообичаеното време, наместо очекуваната вечност. Така, во повеќето дела од средновековната визонерска книжевност се вели дека во рајот птиците со своето пеење го означуваат канонското време при што, кога ќе дојде времето за литургија, свеќите се палат сами од себе. Притоа, во рајот се чествуваат недела и другите празници. Во „Адамноновото видение“ се споменува дека за да премине од долното на некое од повисоките неба во рајот, душата мора да чека од 12 до 16 години. Во „Баронтовото видение“, пак, се споменува дека во рајот постои црква во која свештениците служат миса. Во една ирска легенда за патувањето на Тејг на другиот свет се опишува дека нему и на неговите сопатници им изгледало дека го прошетале рајто за еден ден, но жителите на рајот им објасниле дека поминала цела година, без притоа гостите ниту еднаш да почувствуваат глад и жед. Св. Баринт наведува дека при неговата посета на „ветената земја на светците“, божјиот пратеник му објаснил дека на островот поминал цела година без да почувствува глад и жед и потреба од сон. И Бран, синот на Фебал, кога стигнал во земскиот рај („Земјата на жените“), мислел дека таму поминал една година, а всушност поминало подолго време, т.е. една година во „Земјата на жените“ означувала неколку векови во Ирска. Во делото „Пантеон“ на Готфрид од Витерб се споменува дека еден ден во Земскиот рај е еднаков на еден век на Земјата. Некои калуѓери кои добиле дозвола да престојуваат во рајот 15 дена, дознале дека поминале седум века. Кога прашале како е тоа можно, им било одговорено дека плодовите на Дрвото на животот и водата од Изворот на младоста делумно им дале вечен живот. Исто така, им било кажано дека нивните имиња се запишани во книгата за опелата така што кога ќе се вратат на земјата, нивните тела ќе се претворат во прав.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 220-221.

Рајот како тема во уметноста и во популарната култура Рајот како тема во книжевноста „Пред портите на рајот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 42-43. „За пеколот и небото“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 39-40. „Рајот не е наполно загубен“ - краток расказ на Андре Бретон.Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 34. „Вратата на рајот“ - песна на рускиот поет Николај Гумиљов.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 24-25. „Трчајќи во рајот“ (англиски: Running to Paradise) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 87-88. „Во однос на блискоста едни до други на рајот, земјата и чистилиштето“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 114-115. „Чекори во рајот“ - книга на бразилскиот писател Жозуе Монтело од 1965 година.Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 278-279. „Источно од рајот“ (англиски: East of Eden) — роман на американскиот писател Џон Стајнбек од 1952 година.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9. „Рајот на земјата“ - роман на руско-турската писателка Јана Темиз.Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22. „Рајското момче“ - песна на полскиот поет Јежи Харасимович.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 229-230. „Рајот на теолозите“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 19. „Писмо до родителите“ — расказ на македонскиот писател Исток Улчар.Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 38-43.

Рајот како тема во музиката „Сношти минав крај рајската градина“ — македонска народна песна.Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048. „Задната врата на рајот“ (англиски: The Back Door to Heaven) - песна на британската рок-група Aztec Camera од 1984 година.YouTube, Aztec Camera - The Back Door To Heaven (пристапено на 22.12.2016) „Рај“ (англиски: Paradise) - песна на британската панк група Buzzcocks од 1979 година.YouTube, Buzzcocks - Paradise (пристапено на 9.2.2017) „Враќање во рајот“ (англиски: Return To Heaven) — песна на американската рок-група Bad Brains од 1986 година.Discogs, Bad Brains ‎– I Against I (пристапено на 10.11.2019) „Рајот опаѓа“ (англиски: Heaven Is Falling) — песна на американската панк-рок група Bad Religion од 1992 годинаDiscogs, Bad Religion ‎– Generator (пристапено на 12.12.2021) „Задната врата на рајот“ (англиски: The Back Door to Heaven) - песна на американската група Бон Џови (Bon Jovi).YouTube, Bon Jovi - Backdoor to heaven (demo new jersey) (пристапено на 22.12.2016) „Несреќа во рајот“ (англиски: Accident In Paradise) - албум на шведскиот техно-музичар Свен Вет (Sven Väth).YouTube, Sven Väth - Accident In Paradise (Full Album) (пристапено на 8.10.2017) „Како што рајот е широк“ (англиски: As Heaven Is Wide) - песна на американскaта рок група Гарбиџ (Garbage) од 1995 година.Discogs, Garbage ‎– Garbage (пристапено на 24.11.2020) „Источно од рајот“ (англиски: East Of Eden) - песна на британската група Dead Can Dance од 1984 година.Discogs, Dead Can Dance ‎– Dead Can Dance (пристапено на 3.6.2020) „Обидувајќи се да стигнам во рајот“ (англиски: Tryin' To Get To Heaven) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1997 година.DISCOGS, Bob Dylan ‎– Time Out Of Mind (пристапено на 25.3.2018) „Чукајќи на портите на рајот“ (англиски: Knockin On Heaven's Door) - песна на Боб Дилан.Bob Dylan - Knockin On Heavens Door - YouTube (пристапено на 28.4.2016) „Рајската порта“ (англиски: Gates of Eden) - песна на Боб Дилан од 1965 година.YouTube, Gates of Eden - Bob Dylan - (5/7/65) Bootleg (пристапено на 25.12.2017) „Рајот овде горе“ (англиски: Heaven Up Here) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1981 година.Discogs, Echo And The Bunnymen* ‎– Heaven Up Here (пристапено на 26.3.2021) „Неволја во рајот“ (англиски: Trouble in Paradise) - албум на групата Епикс (Epyx).YouTube, Epyx - Trouble In Paradise (Full Album) (пристапено на 8.10.2017) „Пред рајската порта“ (англиски: At the Gates of Paradise) - албум на американскиот џез-музичар Џон Зорн (John Zorn).YouTube, John Zorn - At the Gates of Paradise (Full Album) (пристапено на 8.10.2017) „Последниот воз за рајот“ (англиски: Last train to heaven) - песна на австралискиот рок-музичар Пол Кели од 1986 година.YouTube, Paul Kelly and The Coloured Girls - Last Train to Heaven (пристапено на 12.10.2017) „Рајските порти“ (англиски: Gates Of Heaven) — песна на американската рок-група Килдоузер (Killdozer) од 1989 година.Killdozer – Twelve Point Buck (пристапено на 10.11.2024) „Горе во рајот (не само овде)“ (англиски: Up In Heaven (Not Only Here)) - песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.DISCOGS, The Clash ‎– Sandinista! (пристапено на 10.6.2020) „Скали до небото“ (англиски: Stairway To Heaven) - песна на британската рок-група Лед цепелин (Led Zeppelin) од 1971 година.DISCOGS, Led Zeppelin ‎– Untitled (пристапено на 31.12.2020) „Крајот на рајот“ (англиски: Heaven's End) - албум на британската рок-група Луп (Loop).YouTube, Heaven's End (Full Album) - Loop (пристапено на 5.2.2017) „Чекајќи го рајот“ - песна на македонската рок-група Mooger Fooger.Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001. „Одам право во рајот“ (англиски: I'm Going Straight To Heaven) — песна на американските хип-хоп музичари MC 900 Ft и DJ Zero) од 1989 година.MC 900 Ft Jesus With DJ Zero – Hell With The Lid Off (пристапено на 3.3.2023) „Неволја во рајот“ (англиски: Trouble in Paradise) - албум на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Neman) од 1983 година. „Рајски раце“ (англиски: Heavenly Arms) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1982 година.YouTube, Lou Reed ~ Heavenly Arms (пристапено на 2.10.2017) „Рај“ (англиски: Heaven) - песна на британската рок-група The Psychedelic Furs од 1984 година.Discogs, The Psychedelic Furs ‎– All Of This And Nothing (пристапено на 9.8.2019)