Вознесение Христово или Свети Спас — црква во селото Ињево.

Местоположба Црквата се наоѓа на неколку стотини метри пред влезот на селото, поточно од левата страна на патот кој води од селото Дедино.

Историја Црквата е изградена во 1872 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Познато е дека иконите биле изработени во XIX век од непознат автор.„Ињевско-конечка парохија “. Брегалничка епархија.

Архитектура Црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Кон западната и северната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и по еден спореден влез на јужната и северната страна. На западниот ѕид над припратата има слепа ниша над којашто има окно, а од кровот на западната страна се издига камбанаријата. Таа е со квадратна основа и има по еден прозорец на секоја страна. Објектот е изграден од камен, а варосани се само западната и северната страна, апсидата и камбанаријата. Црквата во целост е покриена со кров од ќерамиди. Внатрешноста не е зографисана.

Во дворот на црквата има трпезарија и помошен објект.

Галерија

Поврзано Ињево Ињевски манастир „Св. Димитриј“ Ињевски манастир „Св. Архангел Михаил“ Ињевски манастир „Св. Петка“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Архангел Михаил“ Параклис „Св. Контантин и Елена“ Ињевски крст Радовишко архијерејско намесништво Ињевско-конечка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ињево Ињево