Свети Ѓорѓи — мала црква во радовишкото село Долни Липовиќ. Црквата се наоѓа на крајот од селото, во непосредна близина на дворот на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“.
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа, но содржи вдлабнатина во предниот дел, каде што е сместена влезната врата. Објектот во целост е покриен со правоаголен покрив, кој во аголот на вдлабнатината е придржуван од бел столб со јонски капител. Ѕидовите на градбата се со сива боја, освен ѕидовите во вдлабнатиот простор покрај влезната врата, кои се бели.
Поврзано Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долни Липовиќ Радовишко архијерејско намесништво Ињевско-конечка парохија Долни Липовиќ
Надворешни врски
Категорија:Долни Липовиќ Долни Липовиќ