alt=International Telecommunication Union logo.svg|мини|Лого на Меѓународната унија за телекомуникации Светски ден на телекомуникациите и информациското општество – 17 мај дефиниран од ООН кога се прославува денот на телекомуникациите и информациското општество. Целта на овој настан е да се даде помош во зголемувањето на свеста за можностите што користењето на интернетот и другите информациски и комуникациски технологии (ИКТ) може да му го донесе на општествата и економиите, како и начинот да се премости дигиталниот јаз. 17 мај ја означува годишнината од потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција и формирањето на Меѓународната унија за телекомуникацииСветски дена на телекомуникациите и информациското општество на мрежното место на МУТ.
Светски ден на телекомуникациите Светскиот ден на телекомуникациите се слави на 17 мај од 1969 година, обележувајќи го основањето на МУТ и потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција во 1865 година. Истото било институционализирано на конференцијата во Малага-Торемолинос во 1973 година.
Светски ден на информациското општество Во ноември 2005 година, Светскиот самит за информациско општество го повика Генералното собрание на ООН да го прогласи 17 мај за Светски ден на информациското општество за да се стави во фокусот значењето на ИКТ и широкиот спектар на прашања кои се однесуваат на информациското општество што ги покрена Светскиот сами за информациско општество. Генералното собрание усвои резолуција (A/RES/60/252) во март 2006 година која одредува дека прославата на Светскиот ден на информациското општество ќе се прославува секоја година на 17 мај.
Светски ден на телекомуникациите и информациското општество Во ноември 2006 година, Конференцијата на МУТ во Анталија, Турција, реши двата настани да се слават на 17 мај како Светски ден на телекомуникациите и информациското општество. Ажурираната Резолуција 68 ги повикува земјите членки денот да го прославуваат на годишна основа со организирање на соодветни национални програми.
Светскиот ден на телекомуникациите и информациското општество во Македонија По повод Светскиот ден на телекомуникациите и информациското општество, Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии на универзитот „Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 2014 година, секоја година организира работилница од областа на телекомуникациите FutureComNet 2016, IoT The great disruption.
Наводи
Категорија:Телекомуникации Категорија:Информации Категорија:Меѓународна унија за телекомуникации Категорија:ООН