мини|десно|исправено|300п|Карта на регионите и територијалните управи или единици (окрузите и градовите) на Нов Зеланд. Регион (анг. region) — формален поим за првостепената единица локална самоуправа во Нов Зеланд. Земјата има 16 региони. Дванаесет ги управува избран регионален совет, додека четири се управувани од територијални единици (второстепена локална власт) кои исто така ги извршуваат должностите на регионален совет и затоа се нарекуваат унитарни управи. Ова правило има еден исклучок, градот Нелсон кој е управуван од поединечна територијална управа на неговиот регион (Тасман). Советот на Четемските Острови често се смета за унитарна власт, иако официјално спаѓа под регионот Кантербери. Некои регионални граници ги следал границите на територијалните управи, но има и многу исклучоци. на пример, јужната граница на регионот Окленд напола го сече округот Френклин.

Должности Регионалните власти се главно одговорни за управа со животната околина (вода, фрлање на контаминати и нега за крајбрежјето), реките и езерата (контрола на поплави и одводи), земјиште; регионален транспорт (јавен), биосигурност или справување со штетници; додека територијалните управи се одговорни за: надзор врз користење на земјиштето на локално ниво (урбано и рурално планирање); инфраструктура (вода, канализација, одлевања и ѓубре; локални патишта; библиотеки; паркови и резервати), како и развој на локалната заедница. Регионалната и територијалната управа се финансираат од давачките за земјиште. Честопати двете администрации меѓусебно соработуваат во проекти кои се надополнуваат.

Региони Регион Регионален совет Админ. центар Остров Површина (км²)Густина на живеење: Табела 1 , Статистики за живеалишта, Статистика Нов Зеланд. проверено на 25 јануари 2009 Површината се смета според границите утврдени во 2001 г. Не се вбројани водни површини поголеми од 15 хектари. Население ISO 3166-21 Нортленд Регионален совет на Нортленд Фангареи Северен 13.941 NZ-NTL2 Окленд Оклендски совет Окленд Северен 5.600 NZ-AUK3 Ваикато Околина Ваикато Хамилтон Северен 25.598 NZ-WKO4 Залив Пленти Регионален совет на Заливот Пленти Факатане Северен 12.447 NZ-BOP5 Гизборн (1) Регионален совет на Гизборн Гизборн Северен 8.351 NZ-GIS6 Хоков Залив Регионален совет на Хоковиот Залив Нејпиер Северен 14.164 NZ-HKB7 Таранаки Регионален совет на Таранаки Стратфорд Северен 7.273 NZ-TKI8 Манавату-Вангануи Регионален совет Хорајзонс Палмерстон Норт Северен 22.215 NZ-MWT9 Велингтон Регионален совет на Велингтон Велингтон Северен 8.124 NZ-WGN10 Тасман (1) Окружен совет на Тасман Ричмонд Јужен 9.786 NZ-TAS11 Нелсон (1) Градски совет на Нелсон Нелсон Јужен 445 NZ-NSN12 Марлборо (1) Окружен совет на Марлборо Бленем Јужен 12.484 NZ-MBH13 Западно Крајбрежје Регионален совет на Западното Крајбрежје Грејмут Јужен 23.336 NZ-WTC14 Кантербери Регионален совет на Кантербери Крајстчерч Јужен 45.346 NZ-CAN15 Отаго Регионален совет на Отаго Данидн Јужен 31.990 NZ-OTA16 Саутленд Регионален совет на Саутленд Инверкаргил Јужен 34.347 NZ-STL(1) Овие региони се унитарни управни единици.

Области вон регионалните граници Нов Зеланд има број острови кои не спаѓаат во регионалните граници. Четемските Острови не се регион, иако нивниот совет оперира како регион. На Кермадек и подантарктичките острови живеат само мал број на конзерватори. Министерот за конзервација ја има власта на регионален совет во тие предели.

Раководство Советите се бираат со јавно гласање секои три години.

Поврзано Територијални управи во Нов Зеланд Окрузи во Нов Зеланд Административна поделба на Нов Зеланд Список на градови во Нов Зеланд

Наводи

Надворешни врски Карта Населенија и зафатнини

Категорија:Административна поделба на Нов Зеланд Категорија:Списоци за Нов Зеланд Нов Зеланд