Мучеинци — археолошко наоѓалиште во битолското село Лознани. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и се претпоставува дека е црква. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека јужно од селото на извишено место покрај патот Прилеп-Битола се наоѓаат остатоци од црква. Според искази на селаните тука имало манастир. На почетоток на 19 век голем дел од камените остатоци завршиле како градежен материјал за изградба на мостовите од регионалниот пат А3 (крак Прилеп-Битола)Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофски проучавања, Београд 1998 Денес во непосредна близина на остатоците е изградена црквата „Св. Кирил и Методиј“, а самото археолошко наоѓалиште се наоѓа во дворот на Лознанскиот манастир.
Поврзано Ќерамидница — населба од непознат период; Лознани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Лознани