Планински бор ( - познат и како кривуљ) — зимзелено растение, вид на бор. Тоа е високопланински бор со испрекинат ареал во планините на централна и јужна Европа. Во Македонија е застапен на Шар Планина и Јакупица или Мокра, а се посочува дека е виден на Ниџе.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80, МАНУ, Скопје, 1985 Според изгледот овој бор е полегната грмушка или мало дрво со повеќе стебла од коренот. Поради нискиот раст, познат е и под името џуџест бор. Има по две куси и крути иглички на конусорастот.

Опис Грмушест, повиен, полегнат бор, висок до 3,5 метри. Младите гранчиња се голи и зелени, подоцна стануваат кафеави. Пупките се смолести, јајцевидно цилиндрични, широки до 2 мм. Шишарките се по една или две, долги 2-5 см, а широки 1,5-2,5 см, со симетрична форма, и со тап врв.

Семенките се ситни, темнокафеави, со крило 4-5 пати поголемо од нив.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80, МАНУ, Скопје, 1985

На падините под врвот Солунска Глава го има овој бор. Оваа вегетација во вид на шикара е раширена на поголеми површини, најголеми во однос на другите во Македонија, при што зазема широк дијапазон помеѓу 1.700 до 2.400 метри надморска височина, без оглед на геолошката подлога поради што се сретнуваат две варијанти од овој тип на вегетација - едната на силикатни и другата на карбонатни терени. Планинскиот бор ја сочинува горната граница на шумите на овој и другите планински масиви.

Галерија

Наводи

Категорија:Бор (род) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Алпите Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Флора на Европа Категорија:Јадливи растенија Категорија:Украсни дрва