Џган ― македонски филм, во режија на Вардан Тозија, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играле: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски-Упа, Сара Климоска, Горан Стојановски, Ристо Бурзаденов, Ѓорѓи Тодоровски, Марија Кондовска, Андон Јовановски, Саша Чиникиќ и Мартин Живковски.
Улоги ГлумецУлога Мартин Ѓоргоски Филип Дениз Абдула Петар Никола Ристановски Горан Љупчо Тодоровски-Упа Инспектор Ристо Горан Стојановски Менаџерот Мартин Живковски Оги Ристо Буразденов Бурак Сара Климоска Ѓорѓи Тодоровски Социјален работник Борис Дамовски Марија Кондовска Магдалена Игор Стојчевски Тони зенга Тамер Ибрахим Возач на автобус Предраг Павловски Таткото на Јана Адем Караѓа Милош Владимир Тулиев Ноќен чувар Андон Јовановски Полицаец Ирена Ристиќ Главна новинарка Никола Колев Дете затвореник Наџи Шабан Вратарот
Техничка екипа Во реализацијата на филмот учествувале:Ѓорѓи Јаневски, „Џган“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 104-105. костимографија: Жаклина Крстевска шминка: Горан Игњатовски монтажа: Атанас Георгиев сценографија: Кирил Спасески и Наташа Димитриевска дизајн на звукот: Игор Поповски музика: Алек Пејовски директор на фотографија: Владимир Самоиловски продуцент: Огнен Антов
Учество на фестивали На 16 ноември 2016 година, филмот бил прикажан на фестивалот „Exground filmfest“ во Висбаден, во натпреварувачката селекција.И. К. И., „Џган на фестивал во Висбаден, Македонија годинава со пет играни филма“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 21.
Содржина
Критички осврт кон филмот Ѓорѓи Јаневски го оценува филмот како „преполн со сурова енергија и адреналин од кои режисерот често не успева да се дистанцира. Покажува виртуозност во изведувањето на сцените со акција и насилство, но почнува премногу да ужива во нив градејќи климакс и онаму каде што е потребна драматуршка издишка. На моменти филмот е обременет со прекумерна експликација на очигледното, која продуцира иритирачки општи места кои го заробуваат демократскиот простор за слободна интерпретација и рефлексија.“
Наводи
Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови на Вардан Тозија Категорија:Филмови со Мартин Ѓоргоски Категорија:Филмови со Никола Ристановски Категорија:Филмови со Дениз Абдула Категорија:Појавено во 2016 година во Македонија