Света Богородица — главна манастирска црква на Пиперовскиот манастир во селото Пиперово, Македонија.
Местоположба
Се наоѓа на почетокот на селото, а околу нејзе се наоѓаат и други помошни објекти.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.
Историја
Манастирската црква била изградена и осветена околу 1930 година.
Според натписната плоча поставена над влезот во црквата, истата била изградена од страна на Спасо и Ванѓа Божинови во 1934 година.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Пиперово
Наводи
Надворешни врски
Пиперово Категорија:Пиперовски манастир