Иван Нанчески (Смедерево, - , ) — српско-македонски кошаркар од македонска народност, член на македонската младинска репрезентација до 20 години. Починал во сообраќајна несреќа на 27 мај 2016 година во близина на Смедерево, Србија, каде што е роден и живеел последните години. Играл за Свислион Таково.Петар Апцев и Иван Нанчевски во Свислион Таково Нанчевски извесен период играл за битолски Пелистер и бил меѓу носителите на играта на жолто-црвената селекција на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, кое во 2009 година се одигра во Скопје. Тогаш, тој просечно минувал 26 минути на паркетот со просек од 6,6 бода, 2,4 скока и 1,9 асистенции на седум натпревари под раководство на тогашниот селектор на младинците, Емил Рајковиќ.
Наводи
Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Македонски кошаркари Категорија:Кошаркари од Смедерево Категорија:Македонци во Србија