Туртел — врв на планината Плачковица со висина од 1.603 м. Врвот се издига во западниот дел од планината.
Географија Врвот се наоѓа на западниот дел од планината Плачковица, односно од левата страна на долината на Зрновска Река. Од туртелско било кон запад се протега панорамски видик на голема далечина, додека источната страна кон долината на Зрновска Река е густо пошумена.
Во околината на врвот се застапени мермери во геолошка градба, што придонело кон создавање на повеќе пештери. Поради застапеност на мермери во геолошката градба на овој дел, околу Туртел се создале повеќе пештери. Најдолга од нив е Голема Пештера, со должина од околу 600 метри, а од другите пештери познати се Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор. Пештерите главно се лесно достапни и до нив водат обележани патеки.М., И.. „Плачковица — планина која треба да се посети и доживее!“, Игеографија, 24 март 2012.
Правци за искачување Најдобра пристапност до врвот Туртел има од источната страна. Искачувањето започнува по асфалтен пат од селото Карбинци, кој најпрво води до планинарскиот дом „Вртешка“ на надморска висина од 1.107 м, а потоа до одморалиштето „Плачковица“ на надморска висина од околу 1.350 м, од каде што се продолжува до самиот врв.
Галерија
Поврзано Лисец (Плачковица) Чупино Брдо (Плачковица) Бел Камен (Плачковица) Кара Тепе (Плачковица)
Наводи
Категорија:Плачковица Категорија:Врвови во Македонија