Лудвиг Побожниот (778 – ), наречен и Праведниот, или Отмениот,, or , or , or . — крал на Аквитанија од 781 година. Тој бил и крал на Франките и совладетел (како Лудвиг I) заедно со својот татко, Карло Велики, цар на Светото Римско Царство од 813 година.

Како единствен останат син на Карло Велики и Хилдегарда, тој бил единствениот владетел на Франките по смртта на неговиот татко во 814 година, каде останал сè до неговата смрт со исклучок на периодот од 833 до 834 година кога бил симнат од престолот.

За време на неговото владеење во Аквитанија, Лудвиг бил задолжен за одбрана на југозападните граници на царството. Тој ја освоил Барселона од муслиманите во 801 и ја наметнал франската власт над Памплона и Баскија јужно од Пиринеите во 812 година. Како цар тој ги вклучил во своето владеење возрасните синови, Лотар, Пипин и Лудвиг, и посакувал да постигне подеднаква распределба на владенијата меѓу нив. Првата декада од неговото владение било окарактеризирано со неколку трагедии и осрамувања, особено бруталниот однос кон неговиот внук Бернар Италијански, за што Лудвиг се покајал јавно преку самопонижување.

Во 830-ите царството било вовлечено во граѓанска војна меѓу неговите синови, предизвикана од обидите на Лудвиг да го вклучи својот син Карло во плановите за распределба на наследството. Иако неговото владеење завршило во мир, при што редот бил воспоставен низ царството, следеле три години на граѓанска војна. Лудвиг вообичаено се споредува со неговиот татко, иако проблемите со кои се соочил биле од поинаква природа.

Раѓање и владение во Аквитанија

Лудвиг се родил деодека неговиот татко Карло Велики бил на поход во Шпанија, во Каролишката вила во Шаснеј ди Поату, според Ајнхард и анонимниот хроничар наречен Астроном, место во близина на Шаснеј ди Поату, близу Поатје.Einhard gives the name of his birthplace as Cassanoilum. In addition to Chasseneuil near Poitiers, scholars have suggested that Louis may have been born at Casseneuil (Lot et Garonne) or at Casseuil on the Garonne near La Réole, where the Dropt flows into the Garonne. Тој бил третиот сина на Карло Велики и Хилдегарда. Негов дедо бил Пипин Кусиот.

Лудвиг бил крунисан за Крал на Аквитанија како дете во 781 годинаPierre Riche, The Carolingians:The Family who Forged Europe, transl. Michael Idomir Allen, (University of Pennsylvania Press, 1993), 116. и испратен со намесници и благороднички двор. Карло Велики го создал ова подкралство за да ја обезбеди границата на кралството од стравотната војна со Аквитанците и Баските под водство на Вајфер и подоцна со Хуналд II, која завршила со катастрофалната Битка кај Ронсесвалјес (778). Карло Велики сакал неговиот син Лудвиг да порасне во област каде тој ќе владее. Сепак, во 785 година, знаејќи ги обичаите кој ќе треба да ги почитува неговиот син во Аквитанија, Карло Велики го испратил во Аквитнија на кралскиот собор облечен во баскиска облека слична на онаа на другите млади, што оставило добар впечаток во Тулуза, бидејќи Баските од Васконија биле главницата на аквитанската војска.

Во 794 година, Карло Велики доселил четири поранешни галоримски села во владението на Лудвиг, со замисла дека ќе ги засолни во текот на зимата: Дуе ла Фонтен во денешен Анжуј, Ебреј во Алје, Анжак-Шарант, и оспорениот Шаснеј ди Поату. Намерата на Карло Велики била да ги израсне своите синови како домородци во своите владенија, носејќи ги националните облеки на областа. Па така децата биле испратени во малдоста на своите владенија. Секое кралство имало своја важност во обезбедување на границата, каде Лудвиг бил шпански маркиз. Во 797 година, Барселона, најголемиот град во Шпанската Марка, потпаднал под владение на Франките кога Зејд, управникот на градот, се побунил против Кордоба и им го предал во владение. Омејадите повторно го освоиле во 799 година. Сепак, Лудвиг тргнал во поход со целата своја армија вклучувајќи ги и гасконцитесо нивниот војвода Санчо I Гасконски, Прованса под владение на Лејбулф и готите под водство на Бера, зад Пиринеите и го опсадил во период од две години, презимувајќи во периодот од 800 до 801 година, кога капитулирале.Pierre Riche, The Carolingians:The Family who Forged Europe, 94. На синовите не им била дадена независност од централната власт, сепак, Карло Велики ги всадил во нив поимите за царство, испраќајќи ги на воени походи далеку од нивните домови. Лудвиг имал походи во Јужна Италија против Беневентијанците.

Лудвиг бил еден од трите легитимни синови на Карло Велики, вклучувајќи го тука и неговиот брат близнак, Лотар. Според Франкиските обичаи, од Лудвиг се очекувало да го подели своето наследство со браќата, КАрло Помладиот, Крал на Невстрија и Пипин, Крал на италија. За време на „Поделбата на власта“ (Divisio Regnorum) во 806 година, Карло Велики го прогласил Карло Помладиот за свој насленик и цар и главен крал на Невстрија и Австразија, додека на Пепин му ја доделил Железната круна на Ломбардија, која претходно била освоена од Карло Велики. На лудвиг му го доделил Кралството Аквитанија, на кое биле додадени и Септиманија, Прованса, и дел од Бургундија.

Но Пепин и Карло починале во 810 и 811 година и Лудвиг бил единствениот кој бил прогласен за совладетел на Карло Велики во 813 година.По смртта на неговиот татко во 814 година, тој го наследил целото франско царство и сите негови владенија (со исклучок на Италија, која останала во владение на Лудвиг, но под владение на Бернард, кој бил син на Пепин).

Цар Додека бил во својата вила во Дуе ла Фонтен, Анжуј, Лудвиг ги добил вестите за смртта на неговиот татко.Church Architecture and Liturgy in the Carolingian Era, Michael S. Driscoll, A Companion to the Eucharist in the Middle Ages, ed. Ian Levy, Gary Macy, Kristen Van Ausdall, (Brill, 2012), 194. Тој се упатил кон Ахен и се крунисал за цар извикувајќи „Да живее царот Лудовик“ (Vivat Imperator Ludovicus) пред присутните благородници.

Од почетокот на своето владение, тој ги ковал парите имитирајќи го портретот на својот татко, што давало слика на царски авторитет и престиж. Набзо ги испратил сите свои немажени сестри во манастири, за да се одбегнат проблеми со премногу моќни зетови. Спротивставувајќи им се на своите нелегитимни полубраќа, ги присилил роднините на татко му, Адалард и Вала да направат потстриг, и ги сместил во Ноармутје и Корби, иако еден од нив му бил лојален.Church Architecture and Liturgy in the Carolingian Era, Michael S. Driscoll, A Companion to the Eucharist in the Middle Ages, 195.

Негови советници биле Бернард и Ебо, Архиепископ Ремски. Вториот бил, роден како слуга, и бил воздигнат на таа позиција од Лудвиг, но подоцна го предал. Тој задржал некој од татковите министри, како што се Елисахар, опат од Св. Махимин во близина на Трир и Хилдеболд, Архиепископ Келнски. Подоцна тој го заменил Елисахар со Хилдвин, опат од повеќе манастири.

Тој исто така го вработил и Бенедикт Ањански, септиманец визигот и основач на манастири, за да му помогнат да ја реформира франкската црква. Една од првите реформи на Бенедикт била да се осигура дека сите верски куќи во владението на Лудвиг се приклонети кон Законие на Свети Бенедикт, именуван по создавачот, Бенедикт Нурсијски (480–550), првиот бенедиктанец.

Во 816 година, папата Стеан IV, кој го наследил папата Лав III, го посетил Ремс и повторно го крунисал Лудвиг за крала во неделата на 5 октомври. Со тоа царот ја зацврстил улогата на папата при царските крунисувања.

Ordinatio imperii На 9 април 817 година, Лудвиг и неговиот двор додека минувале преку дрвен затворен прем од катедралата до палатата во Ахен кога преминот се срушил и убил многумина. Лудвиг, кој едвај се спасил и чувствувајќи непосредна опасност започнал да планира за наследник, таму тој по три месеци го објавил царскиот декрет Ordinatio Imperii, за крвно наследство. Во 815 година, тој веќе и и,ал доделено државнички функции на двајцата најстари синови, испраќајќи ги Лотар I и Пипин да управуваат со Баварија и Аквитанија, но без кралски обележја. Тој продолжил да го раздеува царството на тројцата синови:

Лотар бил прогласен за совладетел во Ахен од страна на неговиот татко. Му биле веени сите франкиски владенија со исклучок на оние на браќата и роднините. Пипин бил прогласен за крал на Аквитанија, во неговата територија припаѓала и Гаскоња, мочуриштето околу Тулуза, и земјиштата на Каркасон, Отен, Авалон и Невер. Лудвиг, најмладиот син, бил прогласен за крал на Баварија и околните мучуришта.

Доколку некој од потчинетите кралеви ќе почине, тој ќе биде наследен од неговите синови. Доколку нема наследници, Лотар ќе го наследел кралството на браќата. Во случај Лотар да почине без наследници, еден од Лудвиговите или Пипините синови ќе биде одбран да го замени од страна на „народот“. Над се царството нема да се дели: царот ќе биде единствен владетел и над потчинетите кралеви, чија послушност била задолжителна.

Со оваа спогодба, Лудвиг се обидел да го вметне своето гледиште а обединето црство, поддржано од свештенството, и истовремено обезбедувајќи титули за сите негови синови. Наместо неговите синови да бидат еднакви по титула и земја, тој го издигнал својот првороден син Лотар над неговите помлади браќа и му дал во владение најголемиот дел од царството.

Бернардовата побуна и Лудвиговото покајание

Според ordinatio imperii Бернард Италијански останал во подредена и несигурна положба како крал на Италија, па започнал да спрема заговор за прогласување на независност на Италија. Лудвиг веднаш ја упатил својата армија во Италија, и се сместил во Шалон на Сона. Заплашен од брзата реакција на царот, Бернард се сретнал со својот вујко во Шалон, каде се предал. Тој бил одведен во Ахен од страна на Лудвиг, каде му било судено и бил осуден на смрт за предавство. Лудвиг ја заменил казната со ослепување, која била изврешена, но Бернард не го преживеал ослепувањето, умрел два дена подоцна во страшна агонија. Пострадале и други како што се: Теодулф Орлеански, кој живеел повлечено по смртта на Карло Велики, бил обвинет за поддржување на бунтот, и бил затворен во манастирски затвор, но според некои гласини таму тој бил отруен.The Frankish Kingdoms, 814-898:the West, Janet L. Nelson, The New Cambridge Medieval History, 700–900, Vol. II, ed. Rosamond McKitterick, (Cambridge University Press, 1995), 114. Судбината на неговиот внук му тежела на совеста на Лудвиг сè до крајот на неговиот живот.

Во 822 година, како голем побожмик, Лудвиг се покајал за смртта на Бернард, во неговата палата во Атињи во близина на Вузје во Ардените, пред папата Паскал I, и совет од еклектичари и благородници од владението кој ги собрал за да посведочат за помирувањето на Лудвиг со неговите те помлади полубраќа, Хуго кој бил прогласен за опат на Свети Квентин, Дрого кој бил поставен за Еписком Мецки и Теодорих. Ова негово покајание, делумно следејќи го примерот на Теодосиј I, многу влијаело на намалувањето на неговиот углед како франкиски владетел, бидејќи прочитал и список на мали прекршоци за кои ниту еден тогашен владетел не би се ни замислил. Тој исто така направил грешка со ослободувањето на Вала и Адалард од нивните манастирски ќелии, ставајчи го првиот на одговорна позиција на дворот на Лотар и другиот на позиција во својата сопствена куќа.

Погранични војни

На почетокот на Лудвиговото владение, многу од племињата – Данците, Ободритите, Словените, Бретонците, Баските — кои ги населувале границите биле во занес од моќта на франкискиот владетел и не предизвикувале проблеми. Во 816 година, Лужичките Срби се побуниле и на нив подоцна им се придружил и Славомир, поглаварот на Ободритите, кој бил заробен и напуштен од сопствениот народ, кои го замениле со Седраг во 818 година. Наскоро, Седраг се одметнал и се здружил со Данците кои станале најголема закана за Франките во кус период.