Вознесение Христово (повеќе позната како Свети Спас Долни) — црква во селото Вевчани.

Вевчанци, Свети Спас го почитуваат како сопствен заштитник и често го спомнуваат во молитвите.

Местоположба

Црквата се наоѓа на влезот во Вевчани, од неговата североисточна страна.

Историја

Изградена е на свето место, на почетокот само како дрвена куќарка (параклис), а по обновувањето од 1986-1996 претставува градба на црква направена од делкан камен.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Вевчанска парохија Вевчани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Вевчани Вевчани