Рудолф IV (, роден на во Виена - починал на во ) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија и војвода од Штаерска (1358–1365).

Рани години

Рудолф бил најстариот син на Албрехт II и Јохана фон Пфирт. Во 1357 година Рудолф IV се оженил за Катарина Луксембуршка, ќерка на Карло IV.

Управување

Тој ја проширил катедралата „Св. Стефан“ во Виена, каде подоцна бил погребан. Рудолф IV во 1365 година го основал Универзитетот во Виена, нарлечен и денес Alma Mater Rudolphina.

Во 1358/1359 година војводата Рудолф IV издал документ Privilegium minus, фалсификувана верзија на документот Privilegium maius од 1156 година, според кој документ, Австрија била ставена на исто ниво со изборните кнежевства во Светото Римско Царство. Рудолф IV го уништил оригиналот на Privilegium minus.

Рудолф IV сам се нарекувал надвојвода. Во 1453 година, документот бил признаен од страна на царот Фридрих III. Со царот Карло IV склучил договор според кој по неговата смрт неговото наследство да биде предадено на неговите браќа Албрехт III и Леополд III.

Неговиот портрет бил прв клониран портрен на некој средноевропски владетел.

Наводи

Надворешни врски

Website of the Museum of the Roman Catholic Archdiocese of Vienna

Категорија:Војводи од Австрија Категорија:Војводи на Штаерска Категорија:Војводи на Корушка Категорија:Војводи на Крањска Категорија:Грофови на Тирол Категорија:Хабсбурговци