Леополд IV (, роден околу во - починал на во ) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија (1395—1404).
Рани години
Албрехт IV бил единствениот син на војводата Албрехт III и Беатриса фон Цолерн.
Како млад тој ја посетил Светата земја и се вратил назад во пролетта 1396 година. За донесените богатства, тој го добил името „Чудото на светот“ ( "das Weltwunder").
Управување
По смртта на неговиот татко на 29 август 1395 година тој го презел управувањето и веднаш се судрил со нетговиот постар братучед војводата Вилхелм (1370 - 1406), син на неговиот чичко Леополд III (1351 - 1386), кој го посакал целото управување на Австрија. На 22 ноември 1395 година преку Договорот од Холенбург, Австрија била рамноправно распределена за управување. Заедно со поделбата на сферите, исто така било договорено и приходите да се распределуваат подеднакво за сите.
Во 1400 година Албрехт IV заминал на поклонение во Светата земја и во Ерусалим станал витез на „Редот на Светиот гроб“.
Албрехт, исто како и неговиот татко, бил на страната на унгарскиот крал Сигизмунд Луксембуршки. Во еден воен поход против Бохемија, Албрехт IV бил убиен на 26 години во август 1404 година при опсадата на Знојмо во Долна Австрија.
Бидејќи неговиот син, Албрехт V биле малолетен, регентството го презеле неговите братучеди Вилхелм, потоа Леополд (1371 - 1411), и по него и Ернест (1377 - 1424).
Семејство
Албрехт IV се оженил на 24 април 1390 година во Виена за принцезата Јохана Софија Баварската (1377 - 1410), ќерка на Војводата Албрехт I и неговата прва сопруга, принцезата Маргарета. Тие имале две деца:
Маргарета Австриска (1395 - 1447) Албрехт V (II)
Наводи
Надворешни врски
Albrecht IV
Категорија:Војводи од Австрија Категорија:Хабсбурговци