Ристо Галевски (Муртино, – , ) ― првиот полициски генерал и како таков учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Во 2001 година бил назначен за прв човек на македонската полиција, а за неговите заслуги во работењето, му бил доделен чинот генерал на полиција.

До последниот ден, тој работел на функцијата помошник-министер на Секторот за Европска унија при Министерството за внатрешни работи. Галевски во текот на својот работен век извршувал повеќе значајни функции. Починал ненајдено на 50-годишна возраст на 10 ноември 2007 во Скопје.

Животопис

Генерал Ристо Галевски по завршувањето на Факултетот за безбедност, во 1975 година се вработи во МВР, каде што извршувал повеќе работни задачи. Во 1999 година, тој бил назначен за началник на Управата за јавен ред и мир. Во 2000 година, тој бил распореден на работно место заменик на началникот на Одделот за полиција, се' до 2001 година кога бил назначен за раководител на Одделот за полиција, кога со решение на претседателот на Владата се стекна со чин генерал во полицијата.

На 25 јуни 2001 година, како знак протест по повод извлекувањето на терористите со поддршка на највисоките претставници на НАТО и ЕУ, истата вечер околу пет илјади Македонци, меѓу кои голем број на полициски резервисти, се собрале пред Собранието во Скопје на протести, барајќи да им се обрати државниот врв. Луѓето бараа некој од државниот врв, премиерот или претседателот, да им се обрати велејќи дека ако не го сторат тоа, тогаш тие нив нема да ги сметаат за свои претставници. Но, од нив никој не се појави. Така било до еден часот наутро, кога пристигна генералот на полицијата Ристо Галевски и со мегафон ги повика сите кои се наоѓаа во кругот на Собранието да се повлечат и да им се овозможи на безбедносните сили да продолжат да се ангажираат во одбраната на државата. Генералот ги повика и граѓаните кои имаат распоред во полицијата да се јават во најблиската полициска станица, а бил упатен и апел до сите граѓани кои сакаат да се вклучат во резервниот состав, да се јават во станиците на полицијата кои се наоѓаат најблиску до местото каде што живеат.

На 5 јули 2001 година, началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со претставниците на Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на таканаречената ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана.

Во 2002 година, тој бил именуван за директор на Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста - Скопје, за што по повод 25 години од основање на Факултетот за безбедност доби благодарница за посебен придонес во развојот. Во 2004 година, повторно бил преземен во МВР на местото виш советник, а во 2006 државен советник за полициски работи во Кабинетот на министерот.

Во текот на своето работење, напоредно посетувал повеќе курсеви и семинари, како што се курс за полициски менаџмент, обука за антитероризам и кризен менаџмент во Луизијана, Соединетите Држави.

Надворешни врски

Интервју со Ристо Галевски, генерал во македонската полиција и директор на Центарот за обука на кадри (Македонско сонце)

Поврзано

МВР

Наводи

Категорија:Луѓе од Муртино Категорија:Македонски бранители