мини|Илустрација на која е прикажана г-ѓа Патрик Кемпбел како Елиза Дулитл Пигмалион (англиски: Pygmalion) е драма на британскиот писател Џорџ Бернард Шо од 1913 година.
Ликови Во драмата се појавуваат следниве ликови:Bernard Šo, Pigmalion. Beograd: Rad, 1964, стр. 3. Хенри Хигинс, професор по фонетика Г-ѓа Хигинс, неговата мајка Полковникот Пикеринг, неговиот пријател Елиза Дилитл, продавачка на цвеќиња Алфред Дилитл, нејзиниот татко Г-ѓа Пиерс, управничка на домот на професорот Хигинс Г-ѓа Ајнсфорд Хил Клара, нејзината ќерка Фреди, нејзиниот син Собарка Минувач Саркастичар
Содржина Прв чин Една ноќ, пред катедрала Св. Павле во Лондон е собрана група луѓе кои чекаат да престане дождот: госпоѓата Хил со ќерката Клара и синот Фреди, професорот по фонетика Хигинс, полковникот Пикеринг, продавачката на цвеќиња Елиза итн. Професорот Хигинс цело време ги запишува разговорите на насобраните луѓе, а Елиза мисли дека тој е полицаец кој неправедно сака да ја уапси. Најпосле, сите се воодушевени кога се дознава дека тој е професор кој според изговорот на луѓето може да го одреди нивното потекло. Професорот Хигинс и полковникот Пикеринг ја делат љубовта кон фонетиката и тие се запознаваат меѓу себе.Bernard Šo, Pigmalion. Beograd: Rad, 1964, стр. 5-17. Втор чин Утредента, во домот на професорот Хигинс доаѓа Елиза која бара од него да ѝ дава часови по литературен англиски јазик. Тогаш, професорот и полковникот се обложуваат дека за неколку месеци Елиза ќе стекне образование кое е достојно на госпоѓите од високите кругови. Во меѓувреме, професорот Хигинс го посетува таткото на Елиза, кој за мал паричен надомест се согласува неговата ќерка да остане кај професорот.Bernard Šo, Pigmalion. Beograd: Rad, 1964, стр. 18-47. Трет чин Откако е остварен напредок во нејзината обука, Елиза оди на прием кај г-ѓа Хигинс, мајката на професорот и таму ги запознава г-ѓа Хил, Фреди и Клара. Уште на прв поглед, Елиза го привлекува вниманието на Фреди.Bernard Šo, Pigmalion. Beograd: Rad, 1964, стр. 48-64. Четврти чин Навистина, по неколкумесечна обука, Елиза е целосно преобратена од проста девојка во отмена госпоѓица. За да ги покаже своите способности, професорот и полковникот ја носат Елиза на забава каде никој не може да го забележи нејзиното сиромашно потекло. Задоволни од успехот, професорот и полковникот објавуваат дека експериментот е завршен и дека Елиза е слободна да си оди каде сака. Меѓутоа, таа е повредена од нивниот однос кон неа и доаѓа до голема расправија меѓу неа и професорот кого Елиза го обвинува дека е бездушен и нечовечен.Bernard Šo, Pigmalion. Beograd: Rad, 1964, стр. 65-73. Петти чин Утредента, Елиза го напушта домот на професорот и оди кај неговата мајка, која застанува на нејзината страна. Таму доаѓаат и професорот и полковникот, а доаѓа и таткото на Елиза, кој добил неочекувано наследство и се ослободил од сиромаштијата. Тој ги повикува присутните да му се придружат на неговата венчавка со маќеата на Елиза, а таа и професорот имаат долг и жолчен разговор. Најпосле, професорот ја замолува Елиза да продолжи да живее со него.Bernard Šo, Pigmalion. Beograd: Rad, 1964, стр. 74-99.
Наводи
Категорија:Дела на Џорџ Бернард Шо Категорија:Книги од 1913 година