Цветовска Река — река јужно од Скопје во пределот Торбешија. Поминува низ селото Цветово и се влева во Маркова Река, од нејзината десна страна веднаш наспроти Марковиот манастир. Зафаќа сливно подрачје од 33,1 км2. Оваа река периодично е богата со вода, а како и сите останати водени текови во сливот на Маркова Река се одликува со големо колебање на водостојот: после топењето на снегот и силни дождови нагло надоаѓаат, додека лете скоро пресушуваат.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Цветово Категорија:Мокра