Јохан (, роден во во - починал на во ) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1525 до 1532 година.

Рани години

Јохан бил четвртиот син на изборниот кнез Ернест од Саксонија (1441-1486) и неговата сопруга Елизабета (1443-1484), ќерка на баварскиот војвода Албрехт III.

Управување

Тој го наследил неговиот татко во 1486 година и управувал со Војводство Саксонија-Витенберг и Изборно Кнежевство Саксонија заедно со својот брат Фридрих III. Другите негови браќа Ернест и Адалберт станале духовници.

По неговата втора женидба, тој и неговиот брат си ги поделиле териториите. Јохан како седиште му припаднал Вајмар и од таму управувал со Тирингија. Во 1525 година ги наследил териториите на својот брат бидејќи Фридрих немал деца.

Јохан имал позитивен став кон реформацијата. Мартин Лутер живеел во неговота територија. Во 1527 година Јохан ја основал Евангелско-лутеранската државна црква и како изборен кнез станал и нејзин прв епископ.

Јохан управувал 40 години и починал во 1532 година. Тој бил погребан во палатската црква на Витенберг. Протестантската црква неговиот ден го слави на 16 август. Јохан бил наследен од страна на неговиот син Јохан Фридрих.

Семејство

Јохан се оженил на 1 март 1500 година во Торгау за Софија Мекленбург (1481 - 1503), ќерка на војводата Магнус II од Мекленбург. Двајцата имале еден син:

Јохан Фридрих.

На 13 ноември 1513 година Јохан се оженил во Торгау по вторпат за Маргарита од Анхалт (1494 - 1521), ќерка на кнезот Валдемар VI од Анхалт. Тие имале четири деца:

Марија Маргарета Јохан Јохан Ернест

Литература Heinrich Theodor Flathe, Johann (Herzog von Sachsen), Kurfürst von Sachsen., Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 14. Duncker & Humblot, Leipzig 1881, S. 322–326.

Надворешни врски

Longer biography

Категорија:Изборни кнезови на Саксонија Категорија:Војводи на Саксонија Категорија:Ландгрофови од Тирингија Категорија:Ветинци