Голем канарски телескоп (, GranTeCan или GTC) — рефлекторски телескоп со делотворен пречник од 10,4 м кој се наоѓа во Опсерваторијата Роке де лос Мучачос на островот Палма, на Канарските Острови во Шпанија.

Изградбата на телескопот, сместен на вулкански врв на надморска висина од , траела седум години и чинела 130 милиони евра (112 милиони фунти). Неговото поставување било попречено од временските услови и логистичите потешкотии за превезување на опремата на толку оддалечено место. Првата светлост била постигната во 2007 години, додека научните набљудувања започнале во 2009 година.

Проектот GTC претставува партнерство образувано од неколку установи од Шпанија, САД и Мексико, и тоа: Канарскиот институт за астрофизика, Универзитетот на Флорида и Националниот автономен универзитет на Мексико.GTC faq , GTC digital, 8 January 2009. Планирањето за изградбата на телескопот, коешто започнало во 1987 година, вклучило повеќе од 1000 лица од 100 претпријатија.

Од 2015 година, телескопот е најголем рефлекторски телескоп во светот. Распределбата на достапното време за употреба на телескопот соодветствува на учеството на влоговите на трите земји во партнерството, односно: Шпанија (90%), и САД и Мексико (по 5%).

Историја мини|лево|180п|Кполата на GTC на зајдисонце Прва светлост GTC започнал со своите првични набљудувања на 13 јули 2007 година, со употреба на 12 отсечоци од своето главно огледало изработено од стаклена керамика од марката Зеродур на германското претпријатие Шот. Подоцна, бројот на употребени отсечоци се зголемил на вкупно 36 шестаголни отсечоци целосно контролирани со контролен систем на активна оптика којшто работел заедно со рефлекторска единица. Првобитниот инструмент на телескопот бил OSIRIS. Редовните набљудувања започнале во мај 2009 година.El Gran Telescopio CANARIAS comienza a producir sus primeros datos científicos IAC Press release June 16, 2009 (Spanish)

Свечена церемонија на воведување Капаците на Големиот канарски телескоп биле формално отворени на 24 јули 2009 година и биле свечено воведени во употреба од страна на шпанскиот крал Хуан Карлос I.Moreno, Carlos (24 July 2009). "Huge telescope opens in Spain's Canary Islands". The Associated Press. Повеќе од 500 астрономи, владини претставници и новинари од Европа и Америка присуствувале на церемонијата.

Галерија

Поврзано Рефлекторски телескоп

Наводи

Надворешни врски

Голем канарски телескоп, GTC Голем канарски телескоп , GTC digital

Категорија:Телескопи Категорија:Канарски Острови