Трка околу Баскија 2016 (, ) — 56. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија, која се одржала во Баскија помеѓу 4 и 9 април 2016 година. Претставувала деветти настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката се одржала на планински терен и била подобна за искачувачи. Првите пет етапи биле плански, додека шестата завршна етапа била ридски поединечен хронометар. Бранител на титулата бил Хоаким Родригес (), додека Наиро Кинтана (), Алберто Контадор () и Серхио Енао () исто така биле помеѓу фаворитите за победа.

Луис Леон Санчес ја освоил воведната етапа, но го загубил водството следниот дел од првата завршница на нагорнина од Микел Ланда (Скај). Ланда го загубил водството на четвртата етапа, кога Вилко Келдерман () го презел водството. На втората завршница на нагорнина на трката на претпоследниот ден, Енао го презел водството откако му избегал на Контадор. Потоа, Контадор го освоил хронометарот на последната етапа и го поразил Енао за целосна победа за 12 секунди, додека Кинтана задоцнил уште 23 секунди, со што го зазел третото место. Енао го освоил бодовниот пласман, додека Никола Еде () го освоил спринтерскиот пласман, а Диего Роза () планинскиот пласман.

Рута

Рутата на Трката околу Баскија 2016 била главно планинска, без ниедна етапа подобна за спринтери. Првата етапа вклучувала осум категоризирани искачувања, а последното од нив било 8,3 километри пред целта. Втората завршила на искачување од 2 километри со просечен наклон од 11,7%; третата и четвртата етапа повторно имале повеќе искачувања кратко пред целта. Петтата етапа била најтешка, со 5,5 километри искачување на Арате со просечен наклон од 8,5%, кратко пред целта. Последната етапа била ридски поединечен хронометар околу Ејбар.

Екипи

Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. На уште две други екипи – and –добиле специјална покани за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 20 екипи. Бидејќи секоја екипа имала осум возачи, имало вкупно 160 возачи на почетокот на првата етапа.

Фаворити пред трката

Планинскиот терен означувал дека фаворити за победа биле само искачувачите; секоја етапа нудела можности за напади. Завршните две етапи (искачувањето до Арате и поединечниот хронометар) се очекувало да бидат одлучувачки. Првите двајца возачи од изданието во 2015 година, Хоаким Родригес () и Серхио Енао (), обајцата се вратиле на трката. Родригес не бил во добра форма и не завршил помеѓу првите десет на некоја трка во 2016 година. Енао се очекувало да вози како поддршка на новиот член на екипата Микел Ланда, но Ланда бил болен и не бил во добра форма; поради тоа Енао станал водач на екипата. Меѓутоа, главни фаворити, биле Наиро Кинтана () и Алберто Контадор (); обајцата поранешни победници на трката (Кинтана во 2013 година, а Контадор во 2008, 2009 и 2014 година). Кинтана го поразил Контадор претходниот месец на Волта а Каталуња. Други фаворити биле Даниел Мартин () и Фабио Ару (), заедно со Тибо Пино ().

Етапи Етапа 1

4 април – Ечебарија до Маркина-Хемејн, 144 км

Етапа 2

4 април – Маркина-Хемејн до Баранбио-Гарастачу (Амурио), 174,2 км

Етапа 3

6 април 2016 – Виторија до Лесака, 193,5 км

Етапа 4

7 април 2016 – Лесака до Орио, 165 км

Етапа 5

8 април 2016 – Орио до Арате (Ејбар), 159 км

Етапа 6

9 април 2016 – Ејбар, 16,5 км (ITT)

По трка Реакции на возачите

Алберто Контадор на неколку претходни настани објавил дека 2016 ќе му биде последна како професионален возач. По победата на Трката околу Баскија, меѓутоа, изјавил „сигурен сум дека ова нема да биде последен пат да дојдам тука“ и изјавил дека веројатно ќе продолжи и по сезоната 2016. Тоа му била прва победа на генерален пласман по Рут ди Сид 2015; ја посветил својата победа на неговите обожаватели и на Олег Тинков, сопственикот на екипата Тинкоф. Серхио Енао изјавил дека се обидел со различна тактика на хронометарот – чувајќи се рано на патеката за поголем напор кон крајот – и изјавил дека бил задоволен од неговиот резултат и како неговата екипа возела. Изјавил дека се чувствувал силен пред неговите главни цели за сезоната, арденските класици. Кинтана изјавил дека промената на велосипедот на хронометарот му помогнала, но дека не било доволно за победа на етапата. Изјавил дека бил задоволен како извозел на трката и како се опоравил од болета претходно во неделата.

Поредок во Светската турнеја

Во Светската турнеја, победата на Контадор го поместил од третото на второто место, 59 бода зад колегата Петер Саган. Серхио Енао се поместил од осмото на четвртото место, а Кинтана од дванаесеттото на петтото место. Шпанија повела во националниот пласман, претходно на петтото место. Тинкоф ја задржал водечката позиција во екипниот пласман, пред Тим Скај.

Пласмани

На Трка околу Баскија 2016 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Баскија 2015 и победникот на пласманот бил победник на трката. Немало бонус секунди.

Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел, исто така, и планински пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.

Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.

Поредок

+ Водство во пласманите Етапа ПобедникГенерален пласманБодовен пласманПланински пласманСпринтерски пласманЕкипен пласман 1 Луис Леон Санчес Луис Леон Санчес Луис Леон Санчес Јонатан Ластра Никола Еде 2Микел Ланда Микел Ланда Микел Ланда Никола Еде 3 Стив Камингс Сајмон Геранс Штефан Денифл Штефан Денифл 4 Самуел Санчес Вилко Келдерман Самуел Санчес 5 Диего Роза Серхио Енао Серхио Енао Диего Роза Никола Еде 6 Алберто Контадор Алберто Контадор На крај Алберто Контадор Серхио Енао

Наводи Извори

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Баскија Категорија:Светска турнеја на UCI 2016 Категорија:Шпанија во 2016 година