Мачуково (, Евзони, до 1927 г. Ματσίκοβο, МациковоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ματσίκοβο -- Εύζωνοι) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ во Егејска Македонија, Грција. Сместено е во непосредна близина на државната граница со Македонија, на која претставува граничен премин од грчката страна. Населението брои 293 жители (2021).
Географија Селото е рамничарско и се наоѓа од десната страна на реката Вардар на надморска височина од 70 метри. Во непосредна близина на Мачуково поминуваат меѓународниот автопат Е-75 и железничката пруга Скопје - Солун. Непосредно до селото се наоѓа градот Гевгелија, додека од обласниот центар Кукуш тоа е оддалечено 35 километри во северозападен правец, а од Солун 76 километри, исто така во северозападен правец.Симовски, Х. Тодор. Населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1998. II дел, стр. 105 Население и историја мини|Извештај од Балугџиќ за убиствата на чифчиите во с. Мачуково на имотот на Шехим Хануми, поради тоа што ја паселе стоката на пасиштата, кои одамна се селска сопственост. (Солун, 5 март 1910) Мачуково во минатото било едно од најголемите македонски села во гевгелиско-кукушкото подрачје, па дури своевремено било поголемо и од Гевгелија, но по отворањето на железничката пруга Солун - Скопје - Белград почнало да опаѓа за сметка на Гевгелија. Во 1900 година Васил К’нчов го споменува со 1.300, а Бранков во 1905 година со 1.312 жители - Македонци, додека Милоевиќ го запишал со 200 македонски куќи.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Мачиково било мешано македонско и турско село со 200 куќи.
Селото многу настрадало во двете Балкански војни и Првата светска војна, кога во есента 1916 година, бидејќи тука минувала фронтовата линија, било присилно раселено. Делумно било обновено по нормализирањето на состојбата. Во пописот од 1913 година Мачуково се води како преполовено со само 511 жители, а во 1920 година со 313 жители, бидејќи поголемиот дел од неговите жители уште пред балканските војни се преселиле во Гевгелија, а подоцна поголем број од нив се иселиле во Бугарија, како и обратно извесен број гркомански макеоднски семејства од гевгелиските села се преселиле во Мачуково. Селото повторно почнало да расте по 1924 година кога грчките власти населиле поголем број доселенички семејства, претежно од Понд и Кавказ, а поради поставувањето на државната граница Мачуково било отсечено од Гевгелија. Исто така, според записите на Стојан Киселиновски во неговата книга „Етничките промени во Македонија (1913-1995) до 1922 година селото било населено исклучиво со Македонци, кои поради грчкиот терор и насилно иселување, се имаат преселено преку границата во Гевгелија, Моин, Богородица и другите гевгелиски села сместени блиску до граничната линија. Во натамошните пописи бројноста на населението на Мачуково се движела: 1928 г. - 711 жители, 1940 г. - 871 жител, 1951 поради конентрацијата на жители од околните села кои поради граќанската војна се собрале во Мачуково и сѐ уште не биле вратени во своите села е заведено со 1.251 жител, во 1961 г. бројот се намалува на 907, 1971 г. - 847 жители, 1981 г. -1.082, додека во 1991 година се попишани 833 жители. Денес, Мачуково има околу 300 жители потомци на грчки доселеници, Маџири (колонизирани во периодот на 1913 - 1922) кои најчесто се вработени во граничните и царинските служби на граничниот премин кон Р Македонија.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Ругуновец со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Пајонија, во округот Кукуш. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мачуково, во кој спаѓаат и селата Бајалци, Чидемли и поновата населба Цолијадес (Стражарница).
Знаменитости Црква „Успение на пресв. Богородица“ — дело на истакнатиот мајстор Андон Китанов
Стопанство Главни производи на селото се житото и тутунот, а делумно е развиено и сточарството.
Личности мини|десно|160п|Сава Михајлов поп Стамен (~ 1800-1874) — учесник во преродбенската борба во Дојран Венијамин Мачуковски (1847-1878) — македонски преродбеник и собирач на македонско народно творештво. Сава Михајлов (1877-1905) — војвода во гевгелиско во текот на Илинденското востание и реонски раководител на ТМОРО за Гевгелија. Леонид Јанков (1879-1905) — македонски револуционер и војвода на МРО
Наводи
Надворешни врски