Париз-Рубе 2016 — еднодневна класична велосипедска трка, која се одржала на 10 април 2016 година, во северна Франција. Било 114. издание на трката Париз-Рубе и претставувала десетти настан во сезоната на Светската турнеја. Воедно, бил трет велосипедски монумент во сезоната.

Трката се одржала на растојание од 257,5 километри. Главна потешкотија биле 27. Сектори со калдрма, кои биле во вкупна должина од 52,8 километри. Тешките услови обезбедени со калдрмата и го донеле името „Пеколот на Северот“. Со нејзе бил ставен крај на сезоната на калдрмисани класици, недела по Трката околу Фландрија 2016; меѓу фаворитите за победа бил победникот на трката, Петер Саган (), како и Фабијан Канчелара () и Том Бонен ().

Трката била тешка од самиот почеток, додека главните напади биле направени на 100 километри од целта. Канчелара и Саган се одржале од падовите и во последните 20 километри се создала група од петмина, и и покрај многуте напади во последниот дел на трката, сите дошле на велодромот во Рубе заедно. Во спринтот победил Метју Хејман () пред Бонен, додека Ијан Станард () завршил на третото место.

Рута

мини|Велодромот Андре-Петрио, каде завршила Париз-Рубе, на денот на трката. Победничкиот подиум може да се види на средина. мини|upright|Калдрмата на Труе д’Аренберг

Рутата на Париз-Рубе не била значително променета од изданието во 2015 година. Била малку подолга со 257,5 километри. Имало 27 сектори со калдрма: дополнителен еден на рутата, искачувањето Амо ди Бија. Неколку сектори, вклучувајќи го тешкото кај Мон ан Певел, биле обновени од 2015 година.

И покрај своето име, трката не започнала во Париз: започнала во Компјењ (80 километри северно) и патувала главно на југ кон Рубе. Главна тешкотија биле 27. сектори со калдрма, во вкупна должина од 52,8 километри; организаторите на трката им доделувале ѕвездички на тежина, каде пет ѕвезди значело најтежок сектор, додека најлесен сектор бил тој означен со една. Првите 98,5 километри биле главно рамни на обични патишта, а првиот сектор дошол помеѓу Труавил и Инши. Во следните 60 километри, имало уште осум сектори со калдрма, пред да дојде првиот сектор со пет ѕвезди. Ова било Труе д’Аренберг и бил долг 2,4 километри. Како рутата повторно водела на север, возачите поминале уште неколку сектори со калдрма — сите со три или четири ѕвезди — до следниот сектор со пет ѕвезди, 3 километри долгиот Мон ан Певел. На крајот на овој сектор, имало уште 45 километри до целта.

По Мон ан Певел, имало уште седум сектори со калдрма пред последниот сектор со пет ѕвезди. Ова бил 2,4 километри долгиот Карфур де л’Арбр; до крајот имало уште 15 километри. Имало уште три сектори со калдрма — два сектори со две ѕвезди и последниот со една ѕвезда кога рутата веќе навлегувала во Рубе. Рутата завршувала на велодромот Андре-Петрио во Рубе; возачите влегле на пола велодром и свртеле еден и пол круг на 500-метарската патека за завршување на трката.

Карти

Карти на рутата на Париз-Рубе 2016. Калдрмисаните сектори се прикажани во зелено

Калдрмисани сектори

+ Калдрмисани сектори на Париз-Рубе 2016 Број насектор Име Раст. од почеток (км) Должина(м) Категорија 27 Труавил до Инши 98,5 2200 12п|*12п|*12п|* 26 Вели до Кеви 105 1800 12п|*12п|*12п|* 25 Кеви до Сен Питон 107,5 3700 12п|*12п|*12п|*12п|* 24 Сен Питон 112,5 1500 12п|*12п|* 23 Вертен до Сен Мартен сир Екајон 120,5 2300 12п|*12п|*12п|* 22 Капел до Риен (Амо ди Бија) 127 1700 12п|*12п|*12п|* 21 Керенен до Мен 137,5 2500 12п|*12п|*12п|* 20 Мен до Моншо сир Екајон 141 1600 12п|*12п|*12п|* 19 Авлиј до Валер 154 2500 12п|*12п|*12п|*12п|* 18 Труе д’Аренберг 162 2400 12п|*12п|*12п|*12п|*12п|* 17 Валер до Елем 168 1600 12п|*12п|*12п|* 16 Орнен до Вандињи 175 3700 12п|*12п|*12п|*12п|* 15 Варлен до Бријон 182,5 2400 12п|*12п|*12п|* 14 Тија до Сар е Розер 186 2400 12п|*12п|*12п|*12п|* 13 Беври ла Форе до Орши 192,5 1400 12п|*12п|*12п|* 12 Орши 197,5 1700 12п|*12п|*12п|* 11 Оши ле Орши до Берсе 203,5 2700 12п|*12п|*12п|*12п|* 10 Мон ан Певел 209 3000 12п|*12п|*12п|*12п|*12п|* 9 Мерињи до Авлан 215 700 12п|*12п|* 8 Пон Тибо до Енвлан 218 1400 12п|*12п|*12п|* 7 Тамплев 224,5 500 12п|*12п|* 6 Сизуан до Бургел 231 1300 12п|*12п|*12п|* Бургел до Ванен 233,5 1100 5 Камфен ан Певел 238 1800 12п|*12п|*12п|*12п|* 4 Карфур де л’Арбр 240,5 2100 12п|*12п|*12п|*12п|*12п|* 3 Гризон 243 1100 12п|*12п|* 2 Вилем до Ем 249,5 1400 12п|*12п|* 1 Рубе 256,5 300 12п|* Вкупна должина на секторите 52800

Екипи

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Во февруари 2016 година, организаторите на трката објавиле седум професионални континентални екипи, кои добиле специјални покани, со што главната група била составена од 25 екипи . Секоја екипа имала право да настапи со осум возачи, со што главната група имала 200 возачи. била единствената екипа која пријавила само седум возачи. Возачот на Јакопо Гварниери не успеал да ја започне трката, со што трката започнала со 198 возачи.

Фаворити пред трката

мини|upright|Петер Саган (), светскиот првак и еден од фаворитите за победа на трката (фотографиран на Гент-Вевелгем)

Неодамнешните изданија на Париз-Рубе биле освоени на различни начини. Седум од претходните десет изданија биле освоени од возачи кои имале соло бегства; најнеодамнешен таков победник бил Ники Терпстра во 2014 година. Други изданија биле освоени во помали групни спринтови: имало тројца возачи на завршницата во 2008 година, двајца во 2013 година и шестмина во 2015 година.

Џон Дегенколб () го освоил спринтот во 2015 година, но не успеал да ја одбрани титулата во 2016 година поради повреди здобиени при судир со автомобил во текот на зимскиот тренинг. Грег ван Авермат (), кој завршил трет во 2015 година, исто така, не успеал да ја започне трката откако ја скршил клучната коска при пад на Трката околу Фландрија претходната недела.

Два главни фаворити за победа на трката биле Петер Саган () и Фабијан Канчелара (). Саган, владејачкиот светски првак, ја освоил Трката околу Фландрија (друг монумент на калдрма) во соло бегство. Најдобар претходен резултат на Саган на Париз-Рубе било шестото место во 2014 година. Канчелара ја освоил трката во три претходни изданија (во 2006, 2010 и 2013 година) и завршил меѓу најдобрите десет на пет други настани. Канчелара го возел својот последен Париз-Рубе, откако најавил дека ќе се повлече на крајот на сезоната 2016.

Еден од главните соперници на Канчелара на класичните трки низ кариера бил Том Бонен (), кој го освоил Париз-Рубе четири пати во минатото. Меѓутоа, не бил во добра форма во сезоната 2016 и се мачел со повреда од Трката околу Фландрија. Меѓутоа, неговата екипа, била доста силна, со Терпстра, Стејн Ванденберг и Здењек Штибар сите можни победници на трката.

Други можни победници биле Сеп Ванмарке (), кој бил трет на Трката околу Фландрија, Александер Кристоф (), Ларс Бом (), Ијан Станард () и Едвалд Боасон Хаген ().

Извештај од трката

мини|upright|Метју Хејман (), кој бил во главното бегство и ја освоил трката во завршниот спринт (фотографиран во 2014 година)

Трката започнала брзо, кога неколку групи се обиделе да создадат бегства; секое било следено од главната група. Првата група од шест возачи била достигната во 20 километри од почетокот; потоа група од 25 возачи кратко одржала 30-секундно водство, пред да биде повторно достигната од главната група. По неколку напади и вкупно 67 километри, возачите сè уште биле заедно во една група. Потоа, група од шеснаесет возачи нападнале и изградиле водство, и покрај напорите на екипите и да ги следат. Кога возачите стигнале на првите сектори на калдрма, Скај го презел водството во главната група за да ги заштитат своите возачи и предноста на бегството се зголемила на две минути, иако било намалено на четиринаесет возачи. Возачите во бегството биле Силвен Шаванел (), Метју Хејман и Магнус Корт (), Јеле Валајс (), Јарослав Попович (), Жоан Ле Бон (), Марко Кумп (), Тим Деклерк (), Салваторе Пучо (Скај), Рејнарт Јансе ван Ренсбург (Дименжн Дата), Фредерик Бакерт (), Максим Даниел (), Борут Божич () и Иманол Ервити (). Бегството било познато по присуството на Попович, кој објавил дека трката ќе биде последна во неговата кариера, и по Ервити, кој завршил меѓу првите десет на Трката околу Фландрија една недела претходно каде бил исто во рано бегство.

Со поминати 140 километри и повеќе од 115 километри до целта, имало пад во главната група пред осмиот калдрмисан сектор. Етикс-Квик-Степ веднаш ги испратил Тони Мартин и Гијом ван Кејрсбулк напред во групата и силно забрзале; ова предизвикало групата да се подели. Групата напред составена од Бонен, Боасон Хаген, Станард, Роу и Ванмарке заедно со неколку други, со Саган, Канчелара, Штибар и Терпстра во групата зад нив. ЛотоНЛ-Џамбо имал шест возачи во првата група. Разликата помеѓу првата и втората група брзо пораснала на една минута, благодарение на работата на Мартин; поминал околу 40 километри напред во групата на Бонен. Напорот на Мартин ја намалил групата на пет возачи, кога отпаднале Ванмарке и Роу. Кога стигнале на Труе д’Аренберг, бегството имало над една минута предност пред првата група; групата на Ванмарке била околу 20 секунди зад нив, додека Канчелара и Саган во друга група, која доцнела уште околу една минута. Самиот Саган правел напори напред во групата да се врати во првата група.

мини|upright|лево|Том Бонен (), кој ја освоил трката четири пари претходно, завршил втор во спринтот по неколку напади (фотографиран во 2015 година).

На 87 километри пред целта, групата на Ванмарке се споила со групата на Бонен, создавајќи група од 16 возачи која била 55 секунди зад бегството. На Александер Кристоф му се дупнала гума и морал да отпадне од групата, во која биле Контадор и Саган. Во следните километри, Хејман нападнал самиот од бегството; во меѓувреме, Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) возел силно да го донесе својот колега Канчелара назад во првата група. Хејман бил достигнат од остатокот на групата, додека Попович отпаднал од бегството со цел да и помогна на групата на Канчелара на 64 километри пред крајот. По следниот сектор со калдрма, групата на Бонен го достигнала остатокот од бегството и создала група од околу 20 возачи, предводена од Тим Скај, која била околу 50 секунди пред групата на Канчелара.

Канчелара и Саган заедно работеле силно на чело на групата, тогаш втора група на трката. Кратко потоа, првата група била нарушена кога тројца од четворицата возачи на Тим Скај —Роу, Пучо и Џани Москон — се судрила на неколку кривини, оставајќи го Станард како единствен возач од екипата во водечката група. На 48 километри пред крајот и втората група на 37 секунди, возачите го поминале секторот Мон ан Певел. Канчелара паднал на калливиот сектор. Саган, возејќи веднаш зад него, успеал да го скокне — со само една нога на неговиот велосипед — и продолжил во потера на водечката група. Канчелара, иако можел да ја продолжи трката, никогаш не се приклучил на групата. Терпстра бил меѓу оние кои паднале во несреќа. Списанието „Сајклинг Викли“ го опишал маневарот на Саган како „неверојатно управување со велосипед“.

Роу повторно и се приклучил на водечката група со Хајнрих Хауслер и Алексеј Сарамотинс (обајцата од ) за да ја создадат водечката група од десет луѓе, која водела пред групата на Саган со над една минута на 30 километри пред целта. Роу бил уморен по враќањето од неговиот пад; се согласил целосно да работи за Станард. Дал силен напор во следните 20 километри, кога отпаднале Ервити, Хауслер, Сарамотинс и Марсел Зиберг (), кои создале група зад нив. Груоа од петмина потоа се создала на Камфен ан Певел, со Станард, Бонен, Боасон Хаген, Хејман и Ванмарке како единствени возачи кои преостанале. Ванмарке извел поголем напад на Карфур де л’Арбр; иако кратко имал значајна разлика, другите четворица возачи го достигнале пред следниот сектор на калдрма.

мини|Ијан Станард (), кој завршил трет во спринтот (фотографиран во 2015 година)