Роландо Мандрагора (роден на 29 јуни 1997 година, во Неапол) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на .

Технички одлики Флексибилен играч од средниот ред кому природна му е левата нога, физички цврст и има добра техника, игра главно пред одбраната.

Клупска кариера Мандрагора израснал играјќи за младинскиот тим на Џенова, а своето деби за првиот тим во Серија А го направил на 29 октомври 2014 година, на возраст од 17 години и 4 месеци, во натпреварот Џенова-Јувентус (1-0) во кои добил шанса од тренерот Гасперини да започне како стартер. Својата прва сезона како професионалец ја завршил со пет настапи во лигата.

На 24 јули 2015 година официјално се преселил во Пескара во Серија Б, на позајмица со право на откуп и можен контра свој во корист на грифоните. Дебитирал во Серија Б, на 11 септември 2015, во натпреварот Пескара - Перуџа (2-1) на Стадионот Адриатико. На 19 јануари 2016 година, официјално Јувентус го купил Мандрагора за 6 милиони €, но играчот останал во Пескара до крајот на сезоната. На 30 април се здобил со фрактура на метатарзална коска во десната нога во првенствениот натпревар против Виртус Ентела, поради што морал предвреме да ја заврши сезоната со 26 настапи во лигата и еден во купот.

На почетокот на следната сезона Мандрагора му се приклучил на Јувентус, но поради повредата од претходната сезона бил опериран во август а прогнозите најавувале 3 до 4 месеци пауза. Тој се вратил на тренинзите во јануари, а своето деби за Јувентус го направил на 23 април 2017 влегувајќи од клупата за резерви на местото на Клаудио Маркизио во победата со 4-0 над Џенова.

На 5 август 2017, Мандрагора бил позајмен на Кротоне до крајот на сезоната 2017-2018.

Репрезентативна кариера Дебитирал за италијанската репрезентација под 21 година на 12 август 2015 година, на возраст од 18 години, во пријателскиот натпревар Унгарија-Италија (0-0), одигран во Телки.

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 јули 2016.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 Џенова А 5 0 КИ 0 0 - - - - - - 5 0 2015-2016 Пескара Б 26 0 КИ 1 0 - - - - - - 27 0Вкупно во кариерата 31 0 1 0 - - - - 32 0

Титули Јувентус Серија А (1) : 2016-2017 Куп на Италија (1) : 2016-2017

Наводи

Надворешни врски

Роландо Мандрагора на soccerway Роландо Мандрагора на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Кротоне Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1997 година