Дејан Јовановски (роден на во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец кој играл за повеќе македонски екипи како Работнички, Орка Спорт, Никол Ферт и многу други.

Кариера Клупска кариера Јовановски својата кариера ја започнал во Годел Работнички каде играл пет сезони. Потоа се префрлил во кавадаречка Орка. За сезоната 1999/00 на почетокот играл во Никол Ферт, а потоа се префрлил во турски Ојак Рено каде настапувал до крајот на сезоната. За следната сезона играл во Швајцарија, во клубот Лугано, притоа освојувајќи го Првенството и Купот на таа земја. За следната сезона потпишал повторно за Никол Ферт,Јовановски и Боцевски во Никол Ферт за двојната круна, а в година и Јадранската лига vest.com.mk 25 октомври 2001 кога го освоил Купот на Македонија 2002. За сезоната 2002/03 играл во грчки Перистери. Во првата половина на сезоната 2003/04 играл во Фершпед Работнички,Со Јовановски на победа во Романија time.mk 12 ноември 2003Фершпед Работнички ја стартува годинешната евро-епизода vest.com.mk 13 ноември 2003 додека во втората половина се преселил во француски Шорал Роан Баскет.Без Јовановски и Тасовски против Фенербахче utrinski.com.mk 17 декември 2003Успешно деби на Дејан Јовановски за Роан dnevnik.com.mk 11 јануари 2004 За следната сезона играл повторно во Франција но во друг клуб - Елан Шалон.Јовановски и Џонс стартуваа со победи vest.com.mk 11 ноември 2004Само Чековски и Џонс продолжуваат во УЛЕБ-купот vest.com.mk 20 јануари 2005 За сезоната 2005/06, која била и негова последна како играч, играл повторно за Фершпед Работнички, освојувајќи ја двојната круна во Македонија.

Репрезентативна кариера На 30 мај 1993 година, Јовановски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.

Останато Јовановски извесен период од 2012 до 2013 година минал во улогата на спортски директор Работнички, а потоа бил и во Агенцијата за млади и спорт. Во мај 2016, Јовановски бил назначен за генерален секретар на Македонската Кошаркарска Федерација.Дејан Јовановски е нов генерален секретар, Пенов и Дракуловски - потпретседатели на МКФ! sportmedia.mk 6 мај 2015 По неполн месец тој се повлекол од позицијата генерален секретар.Јовановски се повлече од позицијата генерален секретар dnevnik.mk 4 јуни 2015

Успеси Титули во Првенството 1992-93: Работнички 1993-94: Работнички 1994-95: Работнички 1995-96: Работнички 1996-97: Работнички 2000-01: Лугано 2005-06: Работнички Титули во Купот 1993: Работнички 1994: Работнички 2001: Лугано 2002: Никол Ферт 2006: Работнички

Наводи

Надворешни врски Профил на Дејан Јовановски на fibaeurope.com Профил на Дејан Јовановски на eurobasket.com Профил на Дејан Јовановски на fiba.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички