Сопотнички манастир — средновековен манастир во областа Железник, во југозападниот дел од Македонија. Манастирот се наоѓа на падините на Плакенска Планина, во близина на селото Сопотница.

Историја

Манастирот е возобновен во поново време, при што темелите биле поставени во 2005 година.Ш., А.. „Демир Хисар ќе го развива манастирскиот туризам“, Канал 5, 3 август 2013. Во мај 2015 година, до манастирот бил тампониран пат во должина од околу 1,5 км директно од селото Сопотница како алтернатива за патот во должина од 10 км преку патот за селото Радово.„За манастирската слава по нов пат до Св.Атанасиј во Сопотница“, Вечер, 14 мај 2015.

Градби

Во склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква и трпезарија наменета за чествување на празници.

Црква „Свети Атанасиј“

Црквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти.

Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. Особено забележителна е осумаголната купола што се издига од средишниот дел на покривот на црквата и над која е поставен крст.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Сопотница Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија