Свети Илија — македонска православна црква во изградба во селото Сладуево. Црквата се наоѓа на почетокот на селото.

Историја

Сладуево било едно од ретките македонски села без црква, така што сите христијански обреди (крштевки, венчавки и погреби) се извршувале под отворено небо. Така, со помошта на верници од Македонија, но и од македонски иселеници од САД и Австралија, во август 2007 година биле поставени темелите за изградба на црква. Денес, градбата на црквата е целосно изградена и се работи на уредување на внатрешноста.М., М.. „Демирхисарското село Сладуево едно од ретките без црква - Го изгубија тајниот ктитор од САД“, Дневник, 16 февруари 2012.М., С.. „Македонци со крст на чело повикуваат: Нема да дозволиме Сладуево да остане село без црква! “, Мкд, 26 ноември 2013.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Влезот се наоѓата на бочната страна свртена кон југ, а на ѕидот десно од него има монофора. Два копјести прозорци има и на ѕидот свртен кон северната страна, а мало ланцетно прозорче има и на апсидата. Градбата е изградена од камен и е покриена со ќерамиди. На делот од задниот ѕид кој се простира од апсидата до кровот на црквата е насликан крст во темно-црвена боја.

Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Слепчанска парохија Сладуево

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Сладуево Сладуево