Марко Пјаца (роден на 6 мај 1995 во Загреб) — хрватски фудбалер, крило на Твенте и на хрватската репрезентацијата.
Биографија Марко Пјаца е роден во Загреб како дете на Жељко, поранешен борач, и Вишња докторка. Тој има две постари сестри Мартина и Ива.
Во детството тој тренирал повеќе спортови како ракомет, кошарка и пинг-понг.
Клупска кариера Локомотива Загреб Пјаца ја започнал својата професионална кариера во хрватскиот клуб Локомотива Загреб. Своето деби за првиот тим го направил на 24 февруари 2012 година, под водство на тренерот Томислав Ивковиќ кој му дал шанса да дебитира во 1.ХНЛ на возраст од само 16 години, во победата со 3-0 над НК Задар.'STALNO SAM MU GOVORIO DA MORA BITI POZITIVNO ĐUBRE!' U ZAGREBU POČINJE RENESANSA NESRETNOG VATRENOG 'On je predobar, fino odgojen, majka doktorica..' sportske.jutarnji.hr 29.4.2020 Иако успел да запише асистенција во тој натпревар,https://www.whoscored.com/Players/242432 тоа бил неговиот единствен настап за сезоната, затоа што немал потпишано стипендиски договор. Следната сезона, Пјаца бил многу поизразен во првиот тим на Локомотива, особено по зимската пауза во првенството. Тој ја завршил сезоната 2012-2013 со 17 настапи и 2 гола.
Неговата трета сезона во клубот била уште подобра откако крилниот играч постигнал 7 гола во 31 натпревар.
Динамо Загреб Во летото 2014 Пјаца преминал во редовите на хрвтскиот шампион Динамо Загреб за обесштетување од 1 милион евра. Дебитирал за модрите на 18 јули во победата со 4-0 над Славен Белупо во првото коло од хрватското првенство за сезоната 2014-2015 и уште на своето деби го постигнал првиот погодок за новиот клуб после само 14 минути игра. Иако во почетокот не добивал многу голема минутажа, Марко одлично ги користел својте шанси кој му биле укажани и станувал се поважен дел од екипата. Во неговата прва сезона во клубот за памтење е неговиот прв хет-трик во професионалната кариера во победата со 4-3 над шкотскиот Селтик во групната фаза на Лига Европа. Пјаца ја завршил сезоната 2014-2015 со вкупно 48 настапи во сите натпреварувања и 14 погодоци, но исто така успеал да ја освои двојната круна во хрватскиот фудбал со Динамо.
Јувентус На 21 јули 2016, Пјаца бил купен од Јувентус за сума од 23 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот. На презентацијата во клубот избрал да го носи дресот со број 20. Својот прв гол во дресот на Јуве го постигнал на 22 февруари 2017 во победата со 2-0 на гости против Порто во Лигата на шампионите.ВИДЕО: Пјаца и Дани Алвес го освоија Порто и Јуве е пред вратите на четвртфиналето
Репрезентативна кариера Пјаца играл во сите младински репрезентации на Хрватска, од под 17 години до под 21 година. Во јуни 2013 година бил избран во тимот за Светска првенство за играчи под 20 години, и играл како стартер во првиот натпревар од групната фаза, победата со 1-0 над Уругвај; исто така Пјаца започнал уште од првата минута и во следниот натпревар, ремито 1-1 пријателски против Узбекистан.
На 4 септември 2014 година го направил своето деби за сениорската репрезентација, појавувајќи се во игра како замена во 78-мата минута на местото на Матео Ковачиќ во победата со 2-0 над Кипар во пријателски натпревар. На 4 јуни 2016 го постигна првиот гол во националниот дрес во победата изразена со голеада од 10-0 против Сан Марино во пријателски натпревар. Пјаца бил повикани во репрезентацијата за Европското првенство 2016 во Франција, каде дебитирал во победата со 1-0 над Турција во првиот натпревар на коцкестите на првенството. Во последното коло од групната фаза во победата со 2-1 над Шпанија, Пјаца бил меѓу најдобрите во својата екипа на тој натпревар и оставил одличен впечаток.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Динамо Загреб Прва ХНЛ (2) : 2014-2015, 2015-2016 Куп на Хрватска (2) : 2014-2015, 2015-2016
Јувентус Серија А (1) : 2016-2017 Куп на Италија (1) : 2016-2017
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 јули 2016.
+ Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Локомотива Загреб 1.ХНЛ 1 0 КХ 0 0 - - - - - - 1 0 2012-2013 1.ХНЛ 17 2 КХ 6 2 - - - - - - 23 4 2013-2014 1.ХНЛ 31 7 КХ 0 0 ЛЕ 2Secondo turno preliminare. 0 - - - 33 7Вкупно Локомотива Загреб 49 9 6 2 2 0 - - 57 11 2014-2015 Динамо Загреб 1.ХНЛ 32 11 КХ 7 0 ЛШ+ЛЕ 4Во прелиминарните рунди.+4Еден настап во плејоф рундата. 0+3 СХ 1 0 48 14 2015-2016 1.ХНЛ 28 8 КХ 2 1 ЛШ 126 настапи во преелиминарните рунди. 3 - - - 42 12 2016-2017 1.ХНЛ 1 0 КХ 0 0 ЛШ 1 2 - - - 2 2Вкупно Динамо Загреб 61 19 9 1 218 1 0 9228 2016-2017 Јувентус А - - КИ - - ЛШ - - СИ - - - -Вкупно во кариерата 109 28 15 3 238 1 0 14939
Наводи
Надворешни врски
Марко Пјаца на soccerway Марко Пјаца на transfermakt Марко Пјаца на whoscored Марко Пјаца на espn Марко Пјаца на Goal.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Риека Категорија:Фудбалери на ФК Твенте Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Луѓе од Загреб Категорија:Родени во 1995 година