Натпреварите во скокови во вода на Летните олимписки игри 2016 беа одржани од 7 до 20 август 2016 година во Центарот за водени спортови Марија Ленк во Бара да Тижука. Скоковите во вода се дел од 4-те водени дисциплини на Олимписките игри, заедно со пливањето, ватерполото и синхронизираното пливање.
На овие Олимписки игри се натпреваруваа натпреварувачи во осум дисциплини (по четири во двете конкуренции): скокови од 3 метри, скокови од 10 метри, синхронизирани скокови од 3 метри и синхронизирани скокови од 10 метри.Diving page from the 2016 Olympics website (www.rio2016.com); retrieved 2016-05-28.
Се натпреваруваа вкупно 136 натпреварувачи од 29 земји. Сите натпреварувачи мора да имаат најмалку 14 години до 31 декември 2016 година.
Квалификации
Една земја може да испрати најмногу 16 натпреварувачи (осум во машка и осум во женска конкуренција) од кои по два натпреварувачи во поединечните дисциплини и еден пар во синхронизираните дисциплини.
За поединечните дисциплини, квалификувани натпреварувачи се: најдобрите 12 во сите дисциплини од Светското првенство во скокови во вода 2015, петте континентални шампиони во секоја дисциплина, и 18 полуфиналисти од ФИНА Светскиот куп во скокови во вода 2016
За синхронизираните дисциплини, квалификувани парови се: најдобрите 3 во сите дисциплини од Светското првенство во скокови во вода 2015 најдобрите 4 во сите дисциплини од ФИНА Светскиот Куп во скокови во вода 2016, и земјата домаќин (Бразил).
Земји учеснички Ќе се натпреваруваат вкупно 136 натпреварувачи од 29 земји:
Освојувачи на медали
Табела на медали 1 721102 11133 02134 01125 01016 01017 00228 00119 0011 Вкупно 8 8 8 24
Мажи 3 метри 10 метри Синхронизирано 3 метри Крис Мирс Џек Ло Сем Дорман Мајкл Хиксон Цао Јуан Ѓин КајСинхронизирано 10 метри Чен Ајсен Лин Јуе Дејвид Бодаја Стил Џонсон Том ДејлиДаниел Гудфелоу
Жени 3 метри10 метриСинхронизирано 3 метриШи ТингмаоВу МинсјаТања КањотоФранческа ДалапеМедисон КиниАнабел СмитСинхронизирано 10 метриЧен РуолинЛиу ХуејсјаЏонг Жун ХонгПанделела РинонгМеган БенфетоРозелин Фиљо
Наводи
Категорија:Спортови на Летните олимписки игри 2016 2016