мини|алт=Хаифа, 1925 - 1937|Хаифа, 1925 - 1937 мини Хаифа — град во Израел со население од околу 280.000 жители и уште 300.000 во неговата непосредна околина. Градот се наоѓа на брегот на Средоземното Море, под планината Кармел, која е прогласена за национален парк.
Сообраќај Уште во 1888 година, во Хаифа била изградена железничка пруга. Покрај автобускиот превоз, во Хаифа оперира и надземното „метро“ наречено „Кармелит“, а од планината Кармел до морскиот брег се спушта жичарница. Исто така, во градот се наоѓаат пристаништата Хаифа и Кишон, а во близината на градот има аеродром.Haifa Tourist Board, I love Haifa, 2014.
Трговски центри Хаифа располага со бројни трговски центри, како: Трговски центар Хаифа Аудиториум Трговско-забавен центар Кастра Трговски центар Синемол - Лев Ха'мифрац Градски центар Хаифа мол Центарот Хорев Хуцот Ха'мифрац Големиот кањон, најголемиот трговско-забавен центар во Израел Центарот Панорама Пазарот Талпиот
Религиозни места Во Хаифа се наоѓаат неколку свети места од неколку различни религии: Кабабир - мала заедница (село) населено со припадниците на муслиманската секта на Ахмед. Селото се наоѓа во непосредна близина на центарот Кармел, а во селото се наоѓа џамијата на Махмуд. Пештерата на пророкот Илија (Ме'арат Елијаху) Манастирот Stella Maris. Градината на Бахаи со светилиштето - светски центар на религијата Бахаи.
Германската колонија Во центарот на градот, од Градината Бахаи до пристаништето Хаифа, долж авенијата Бен Гурион се протега Германската колонија, која е една од главните туристички знаменистости на Хаифа.
Културни и образовни институции Најпознати институции од областа на образованието, уметноста и културата во Хаифа се: Универзитетот на Хаифа, сместен на планината Кармел, на надморска висина од 480 метри. Во рамките на универзитетот особено се истакнуваат главната зграда (облакодерот Ешкол) и археолошкиот музеј. Технион, т.е. Технолошкиот институт за високо образование, најпознатиот технолошки универзитет во Израел, сместен во квартот Неве Ша'анан Уметничката куќа Шагал Музејот на имиграцијата и поморството Музејот на житарици Дагон Железничкиот музеј на Хаифа, сместен во камена отоманска зграда во историскиот дел на Источна Хаифа Музејот на Мане Кац Мадатех - Националниот музеј на Израел за наука, технологија и вселенски истражувања Центарот за посетители во состав на електричната централа на Израелската електрична корпорација Музејот на Реубен и Едит Хехт Музејот на уметноста на Хаифа Националниот поморски музеј Музејот на Хаифа (Беит Ха'ам), сместен во Беит Ха'ам, првата изградена куќа во Германската колонија, која првобитно служела како конференциска сала и како училиште Музејот на јапонска уметност Тикотин Музејот на Херман Шрук Преисторискиот музеј Стекелис
Паркови Во Хаифа постојат повеќе паркови, како: Градина на мајките (Ган Ха'ем) Спомен -парк, посветен на израеслките војници од Хаифа кои загинале во војните што ги водел Израел Градина на скулптурите, со 29 бронзени скулптури на уметничката Урсула Марбин Зоолошка градина Паркот Хехт, најголемиот парк во Хаифа кој се протега меѓу плажата Дадо и Израелскиот океанографски и лимнолошки истражувачки центар
Плажи Најпознати плажи во Хаифа се: Променадата Бат Галим плажата Замир плажата Дадо плажата Јужен Дадо
Наводи
Категорија:Градови во Израел Категорија:Населени места основани во 1 век