Кочо Битољану (Крушево, 8 јануари 1924 – Скопје, 19 јуни 2015)„Почина Кочо Битољану“ , „Утрински Весник“ — македонски комунист, првоборец и повоен општествен работник. Бил носител на Партизанска споменица 1941.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 162 стр.
Животопис Роден е во Крушево во 1924 година, а во 1933 се преселил во Скопје каде што завршил основно училиште и запишал гимназија. Како член на Месниот комитет на СКОЈ е раководител на диверзантските групи во Скопје. Во август 1942 година ја предводел диверзантската група која извршила атентат врз бугарскиот агент Мане Мачков. Осуден е на 15 години затвор од бугарската окупаторска фашистичка власт, а кон крајот на август 1944, на десетина дена пред капитулацијата на Бугарија, избегал од затворот во Идризово и заминал во партизани. Учествувал во ослободувањето на Прилеп, а потоа пак илегално се вратил во Скопје каде што ги организирал младинските групи за заштита на клучните објекти во градот од диверзиите на германската окупаторска власт.
По Ослободувањето бил повереник и секретар на Градскиот народен одбор, раководител на ОЗНА за Македонија и на УДБ за Југославија, државен потсекретар и секретар за внатрешни работи на СРМ (до 1967 година),„Службен весник на СРМ, 25/67, 5 стр. потпретседател на Собранието на град Скопје до 1969 година и пратеник во Собранието на СРМ.
Наводи
Надворешни врски Разговор со Кочо Битољану - седумдесет години по атентатот врз бугарскиот полицаец Мане Мачков , „Република“, 12.08.2013. Бојан Шашевски, „Градот се сеќава на оние што го носеа отпорот против фашизмот“, „Утрински Весник“, 12.11.2014.
Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во 2015 година Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски Власи