мини|300п|Автопатна мрежа во Македонија, 2026 г. 300п|мини|Автопатна мрежа во Македонија, 2019 г. Автопатната мрежа во Република Македонија — изнесува вкупно 357 километри, со дополнителни 127 километри кои се во изградба, при што вкупната мрежа би изнесувала 484 км до 2029 година. По завршувањето на тековните проекти, би имале солидна автопатна мрежа во споредба со ЕУ земјите. Ограничувањето на брзината е 130 км/ч, знаците се со зелена позадина, а хоризонталната сигнализација е со бели линии. Патарини се наплаќаат со отворен систем, што значи дека патарините се поставени на секои 20 до 50 километри.
Автопат А1 (Пријателство) Автопатот А1 (Пријателство, порано Александар Македонски) е дел од европскиот коридор Е-75 и ја поврзува границата со Србија со онаа на Грција, минувајќи низ Куманово, Миладиновци (клучка со А2), Петровец (клучка спрема Скопје), Велес, Неготино, Демир Капија, Гевгелија. Ова е првиот автопат изграден во државата, започнат уште во 1979 г.
Делот од Демир Капија до Смоквица бил двонасочен магистрален пат сè до 2018 год, кој поминува низ Демиркаписката Клисура, па така претставувал опасна магистрала, особено за странските возачи кои поради преголема брзина или умор често предизвикувале сообраќајни незгоди. Со изградбата на 28-те километри од автопатната траса, која била пуштена во употреба во 2018 г., се зголемила безбедноста, но и се комплетирал македонскиот дел од Е-75.
Автопат А2 (Мајка Тереза) мини|248x248px|А2 во близина на Волково.|лево
Автопатот А2 (Мајка Тереза) е дел од европскиот коридор Е-65. Автопатот е исто така дел од подолгиот национален коридор (државен пат) А2, кој ги поврзува ГП Деве Баир со ГП Ќафасан. Автопатот започнува кај клучката со А1/А4 кај Миладиновци и од тука продолжува на запад, поминува по обиколницата кај Скопје, па потоа го поврзува Тетово и завршува кај Гостивар. На 25 километарското растојание меѓу Тетово и Гостивар автопатот има по 2 ленти во двата правци, но е без помошна лента, па според некои стандарди е категоризиран како експресен пат.http://www.telegraf.mk/ns-newsarticle-260130-avtopat-kicevo-ohrid-foto.nspx мини|Клучка А1/А2/А4 Според состојбата во 2026 година во изградба се следните делници:
Тетово-Гостивар-Букојчани како дел на проектот Бехтел и Енка.
Букојчани-Кичево ќе почне со изградба пролет 2026.
Кичево-Врбјани е во изградба од страна на фирмата Синохидро, како дел од поширокиот автопат Кичево-Охрид.
Делницата од селото Врбјани до Охрид е пуштена во употреба во 2025та година.
Според категоризацијата од 2011 година, А2 почнува кај Деве Баир, но тие ги ставаат сите автопатишта, експресни и магистрални патишта во една категорија, а тука ги опишуваме само делниците кои се со автопатско решение.
Автопат А3
Државниот пат А3 ги поврзува ГП Делчево (граница со Бугарија) со ГП Меџитлија (граница со Грција), минувајќи преку Кочани, Штип, Велес, Прилеп и Битола, од кај што се раздвојува еден крак и завршува кај Подмоље, Охридско. Заклучно со 2026 година, А3 не е со автопатско решение, освен делницата од Три Чешми до Кадрифаково и делницата од Подмоље до Охрид.
Во моментов, во изградба е автопатот од Битола до Прилеп. Се разгледуваат и опции за финансирање на автопатски правци Велес - Прилеп, како и Битола - Меџитлија.
Делницата Кочани - Штип е експресен пат кој може да се надогради во иднина.
Автопат А4 (Гоце Делчев)
Државниот пат А4 почнува кај Граничниот премин Блаце, потоа минува преку Скопје, Миладиновци, Штип, и Струмица, од каде што се раздвојува еден крак и продолжува до Граничниот премин кај Ново Село. Автопатски е поврзана само делницата од Миладиновци каде што има клучка со А1 и А2 до Штип, преку Свети Николе. Оваа 47 километарска делница е пуштена во употреба на почетокот на 2019 г.
Во моментов се изградени околу 2 километри автопат од граничниот премин Блаце (граница со Косово) кон Скопје, а се разгледуваат и опции за финансирање на автопатски правец до Скопје.
Наводи
Категорија:Патишта во Македонија Категорија:Списоци за Македонија