Борат Сагдиев („роден“ 30 јули 1979) — измислен казахстански новинар измислен и претставен од британскиот комичар Саша Барон Коен. Борат шеговито е опишан на неговото официјално мрежно место како „седма најпозната личност во Казахстан.“
Вовед Борат еволуирал од претходните ликови кои Барон Коен ги создал; најпрво безимениот молдавски ТВ репортер, а подоцна албански ТВ репортер - Кристо (за Paramount Comedy Channel, всушност заснован на личниот пријател на Коен, Џејмс Кристенсон).
Борат нередовно се појавуваше на „Da Ali G Show“ со скечеви кои се базирале на неговото необично однесување и на реакциите на случајните поединци околу него. Во раните појавувања неговото име беше дадено како Борат Карабжанов, исто така и Борат Дутбаев, но од 2003 неговото презиме беше утврдено како Сагдиев. Во некои ситуации гостите на Борат го прифаќале неговиот антисемитизам и неговиот необичен однос кон жените согласувајќи се со него, додека пак други негови гости се обидувале да му ги објаснат западњачките вредности. Борат исто така се има појавено и на Friday Night со Џонатан Рос на BBC 1, исто така и на Late Night со Конан О'Бриен на 14 јули 2004 и на 2 ноември 2006 во сопствениот филм, Borat: Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan. Борат го промовираше филмот со гостувања во Saturday Night Live и Late Show со Дејвид Летермен, каде тој свиреше berimbau како гостин музичар.
Da Ali G Show Борат е прикажан во секоја емисија на „Da Ali G Show“, правејќи сатирични интервјуа со често невкусни теми во Велика Британија и САД. Со цел да се прикаже како странец, Саша фаќа прибелешки со еврејско писмо, и користи повремени полски зборови (Dziękuję „благодарам“, Jak się masz? „како си?“, Dzień Dobry „добар ден“, Przepraszam „извини“, иако навистина ретко во вистинскиот момент) кога зборува со луѓето—не користејќи казахстански ниту руски (кои се службени јазици во Казахстан). Исто така прешол кон еврејски додека тврдел дека ја исполнува казахстанската државна химна (всушност едноставен рецитал на поголемите казахстански градови) на натпревар на Savannah Sand Gnats. Тој продолжил да ја повторува познатата народна песна: קום בחור עצל וצא לעבודה (кум бачур атѕел ве'тѕе ла'авода - „стани мрзлив човеку оди на работа“ ) како и еврејската песнa קוקוריקו קוקוריקו התרנגול קרא (кукурику кукурику ха'тарнегол кара - „кукурику кукурику викна петелот“), а исто така Казахстан го нарекол חור (хор - дупка). За да извлече реакции од луѓето кои ги среќава, Коен зависи од две премиси кои се вообичаени за западното општество:
Публиката не го знае Борат и неговите рутини Публиката не е запознаена со фиктивните работи кои се однесуваат на Казахстан.. Косата и мустаќите се вистински и на Барон Коен му требаат недели за да ги порасне.
Имаше гласини дека Барон Коен примил влијание од познатата интернет личност, турчинот Махир Чаѓри, но Борат се развива дури од 1995 (на LWT/Granada TV), четири години пред Махир. Во DVD коментарот на првиот диск од првата сезона на „Da Ali G Show“ Барон Коен вели дека еволуцијата на ликот Борат е под влијание на вистинска личност која тој ја запознал во Јужна Русија: „... Не му го паметам името - тој беше доктор. Кога го запознав, едноставно плачев - тој беше еден хистерично смешен човек.“ На 3 ноември 2005, Борат беше водител на MTV Europe Music Awards 2005 во Лисабон. На 14 октомври 2006 Борат ја добива „Германската награда за комедија“ за најдобар меѓународен комичар.
Контроверзност Борат бил причина за контроверзност, најповеќе поради неговиот антисемитистички однос. Саша Барон Коен (кој го игра Борат) е обвинуван за расистичко прикажување на Казаците.
Самиот Саша Барон Коен, кој го игра Борат е Евреин. Тој ја објаснува расистичката природа на својот лик со тоа дека тие сегменти се „драматична демонстрација на тоа како расизмот се храни со глупав конформизам и со неконтролирано однесување“, а не расистичко однесување на Барон Коен.http://movies.yahoo.com/mv/news/va/20060908/115774501000.html
Сепак, тој подлежи на критика од еврејски анти-расистички групи, и една од нив поднесла жалба до HBO откако Борат ја извел кантри вестерн мелодијата која им порачува на луѓето: „фрли го евреинот во бунарот“, предупредувајќи ги дека „треба да внимаваат на неговите заби“ и дека „мораш да го грабнеш за роговите“, со аплауз проследен од публика во Тусон, Аризона, САД. Оригинално рефренот оди вака: „Throw the Jew down the well/So my country can be free/You must grab him by his horns/Then we have a big party“.
На прес конференцијата пред живиот пренос на 2005 MTV Europe Music Awards, ги шокирал локалните и меѓународните новинари во Лисабон, Португалија носејќи торба птици од Романија (првата Европска земја во која беше пронајден птичји грип) како подарок, и продолжил со извинување поради тоа што сите умреле.
Една сцена на Борат вклучува посета на ранч во Тексас, каде сопственикот на ранчот ја открива својата антисемитистичка природа до толку што тој верува дека Хитлеровото „конечно решение“ било неопходно за Германија.
Едно интервју со Џејмс Бродвотер, републикански кандидат за Американскиот Конгрес, предизвикало Бродвотер да прими е-поштенски пораки полни со омраза по епизода на „Da Ali G Show“ во која Бродвотер изјави дека Евреите ќе одат во Пеколот. Нему му било кажано дека интервјуто ќе биде емитувано во странство за да ги учи останатите за американскиот политички систем. Бродватер понатаму на своето мрежно место објавил дека изјавата се однесувала во однос на теолошките верувања кои велат дека сите кои го „прифаќаат Исус Христос како Господар и Спасител ќе поминат вечност во Рајот, додека тие кои го одбиваат ќе поминат вечност во Пеколот.“ Бродвотер не се извинил за неговиот коментар, што пак некои го доживеале како бесчувствително. Наместо тоа тој инсистирал дека „либералните анти-господови медиуми мораат да се доведат во строга контрола од FCC, и тоа што поскоро.“
Во јануари 2005, откако ги убедил властите дека снима документарен филм, Борат успеа да се инфилтрира во публиката на едно родео во Сејлем, Вирџинија, САД: најпрвин кажувајќи дека „Се надевам дека ќе ги убиете сите мажи, жени и деца во Ирак, сите до гуштерите... и нека Џорџ Буш пие крв од секој маж, жена и дете во Ирак“. „Да поседеше таму минута подолго, мислам дека некој ќе го застрелаше“, изјавил еден сведок. „Луѓето го иссвиркаа, му го покажуваа 'прстот'“. За негово добро, Борат бил испратен од местото.
Конфликти со казахстанската влада Во ноември 2005, откако Борат беше водител на MTV Europe Music Awards во Лисабон, Казахстанското Министерство за Надворепшни Работи изрази загриженост околу овој лик. Портпаролот на министерството Јержан Ашкибајев на прес конференција изјави „Го гледаме однесувањето на Г-дин Коен на MTV Europe Music Awards како крајно неприфатливо, како еден сплет од лош вкус и лошо однесување кое е комплетно некомпатибилно со етиката и цивилизираното однесување на Казахстанскиот народ“, заклучувајќи "Го задржуваме правото за преземање на легални мерки за да спречиме вакви шеги.""Kazakhstan on Borat: Not Nice", Џош Гросберг, E! Online, 14 ноември 2005..
Барон Коен потоа го објави видео клипот на "Official Borat Homesite" каде Борат му одговара на Ашкибајев. На снимката, Борат изјавува: „Како одговор на коментарите на Г-дин Ашкибајев, сакам да изјавам дека јас немам никаква поврзаност со Г-дин Коен и потполно ја поддржувам одлуката на мојата Влада да го тужи овој Евреин. Од реформите во 2003, Казахстан е цивилизиран како и остатокот од светот. Жените сега можат да патуваат во „внатрешниот“ дел на автобусите, хомосексуалците повеќе не мораат да носат сини шапки, и возраста за криминално одговарање е подигната на осум години. Те молам, капетану на индустријата; те поканувам да дојдеш во Казахстан каде имаме неверојатни природни ресурси, вреден народ, и најчисти проститутки во цела Средна Азија. Пријатно! “
Reuters цитираше еден Западен дипломат: „Тие (Казахстанската Влада) се проклети ако тоа го сторат (да одговорат) и проклети ако тоа не го сторат“. „Некако е несреќно што тој удри по Казахстан.“, Reuters, 11 ноември 2005.
Следната недела, владата најми две фирми за односи со јавност кои ќе се противат на тврдењата на Борат, и пуштија реклама од четири страници во The New York Times. Рекламата содржеше изјави за демократијата на нацијата, образовниот систем и моќта и влијаењето кои го уживаат жените. Претходно, Борат одговори на казахстанските жалби издавајќи свое „пишано издание“, кое се состоеше од измешани Кирилични симболи.
На 13 декември 2005 правото на користење на доменот www.borat.kz беше суспендирано, и мрежното место кон кое водеше беше исклучена."Kazahkstan Strips Borat of Site", Sarah Hall, E! Online, 13 декември 2005. Поинаква верзија на овој напис беше достапна на Reuters. Телото кое ги издава домените изјави дека ова го сториле поради тоа што биле дадени лажни имиња за администраторите на мрежното место, исто така поради тоа што страницата се наоѓала надвор од Казахстан. Сепак, вистинската причина за ова очигледно беше да се цензурира страницата: „Ова го сторивме за да не може да го црни Казахстан под .kz доменот,“ Нурлан Исин, Прецедател на Асоцијацијата на казахстанските компании за ИТ, изјави за Reuters. „Може што сака да прави на друг домен.“
Репортери без Граници петиционираа кај обдусманот на ICANN да интервенира и да се повлече оваа одлука."Reporters Without Borders raps censorship of UK comedian's "Borat" website" Онлајн изданието на Репортери без Граници на 14 декекември, 2005 објавија. Во меѓувреме, „Official Borat Homesite“ беше префрлен на .tv доменот, каде сѐ уште стои. (Заклучно со 25 октомври 2006, претходниот домен сѐ уште беше суспендиран.)
Борат, пак, скоро беше бранет од Дарига Назарбаева, политичар и ќерка на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев. Таа на националната телевизиска програма Караван изјави дека мрежното место на Барон Коен „помалку штетеше на нашиот имиџ од нејзиното затворање, кое беше објавено од сите светски медиуми,“ и „Не треба да се плашиме од хуморот и не треба да се обидуваме сè да контролираме.""Ќерката на Казахстанскиот Претседател го брани Борат" , CBC, Петок, 21 април 2006.
„Посета“ на Белата Куќа На 29 септември 2006, Коен се појави како Борат пред портите на Белата куќа за да одржи прес конференција со намера да го покани „Премиерот Ворлорд Џорџ Волтер Буш“ на проекција на неговиот иден филм, заедно со „О.Џ. Симсонс“, „Мел Гибсонс“ и други „Американски великодостојници“. Нормално, агентите на тајната служба не го пуштија да влезе. Очигледниот потег беше да привлече публицитет во времето кога Претседателот Назарбаев беше во официјална посета на САД.
Жалба од Ромите во Германија На 18 октомври 2006, Европскиот Центар за Истражување на Антициганизмот , кој се бори против антициганизмот, негативни ставови кон ромите, поднесе жалба кон обвинителите поради коментарите на Борат за циганите во неговиот филм. Жалбата го обвинува за клевета и неучтиво насилство кон оваа етничка група.Сега ромите сакаат да го забранат Борат, Sydney Morning Herald, 18 октомври 2006.
Врска кон жалбата: http://www.ezaf.org/Borat.pdf (на германски)
Фиктивна позадина Семејство и личен живот