240п|мини|десно|Кругот Понтал

Поединечниот хронометар за мажи бил една од осумнаесетте велосипедски дисциплини на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Трката започнала и завршила на 10 август на Понтал, мал полуостров во западниот дел на Рио. Трката била освоена од Фабијан Канчелара од Швајцарија.

Фаворити пред трката

По етапната победа на завршниот хронометар на Тур де Франс 2016, Крис Фрум од Велика Британија бил фаворит за златниот медал. Специјалистите за хронометар, како Швајцарецот Фабијан Канчелара, Германецот Тони Мартин, Том Димулен од Холандија и моменталниот светски хронометарски првак Васил Кириенка од Белорусија биле можни победници.

Патека

Патеката за машкиот хронометар изнесувала два круга околу полуостровот Понтал во должина од 29,8 километри, со вкупно растојание од 54,5 километри. Почетокот и крајот на трката на патеката бил плоштадот Тим Маја, потоа продолжувал кон кругот Понтал (надесно) стигнувајќи до првото искачување по 9,7 километри и второто искачување на 19,2 километри.

Учесници и резултати

Ричи Порт од Австралија, Винченцо Нибали од Италија и Ваут Пулс од Холандија требало да настапат, но морале да се повлечат поради повреди како последица на нивните падови на машката друмска трка. Алжир, Венецуела, Колумбија и Нов Зеланд, исто така, не ги искористиле местата за кои се квалификувале. Ден Крејвен од Намибија и Герајнт Томас од Велика Британија биле поканети да ги поканат испразнетите места.

Бр. Возач Држава Место Време 5 Фабијан Канчелара 1:12:15,42 2 Том Димулен 1:13:02,83 1 Крис Фрум 1:13:17,54 13 Џонатан Кастровјехо 4 1:13:21,50 8 Роан Денис 5 1:13:25,66 11 Маќеј Боднар 6 1:14:05,89 9 Нелсон Оливеира 7 1:14:15,27 7 Јон Изагире 8 1:14:21,59 16 Герајнт Томас 9 1:14:52,85 14 Примож Роглич 10 1:14:55,16 21 Леополд Кениг 11 1:15:23,64 4 Тони Мартин 12 1:15:33,75 25 Зимон Гешке 13 1:15:49,88 20 Михал Квјатковски 14 1:15:55,49 10 Јан Барта 15 1:15:56,91 28 Георг Прајдлер 16 1:16:02,36 3 Васил Кириенка 17 1:16:05,70 26 Андриј Гривко 18 1:16:33,24 29 Кристофер Јул-Јенсен 19 1:16:49,62 19 Тим Веленс 20 1:16:49,71 17 Иго Ул 21 1:17:02,04 6 Тејлор Фини 22 1:17:25,31 24 Брент Букволтер 23 1:17:57,61 23 Андреј Зејц 24 1:18:47,63 12 Канстанцин Сивцов 25 1:18:58,75 30 Едвардо Сепулведа 26 1:19:07,84 22 Дамијано Карузо 27 1:19:46,53 31 Павел Кочетков 28 1:20:07,59 27 Алекси Вијермоз 29 1:20:43,87 18 Едвалд Боасон Хаген 30 1:21:12,35 34 Гадер Мизбани 31 1:21:39,45 15 Жилијан Алафилип 32 1:24:39,99 33 Мухсин Лахсаини 33 1:25:11,72 35 Ахмет Еркен 34 1:27:37,41 37 Ден Крејвен 35 1:27:47,93 32 Џонатан Монсалве ДНС — 36 Јусеф Региги ДНС —

Наводи

Надворешни врски Карти на собиралиштата на ЛОИ 2016

Категорија:Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016