Ројтерин — моќно антимикробно соединение кое го синтетизира бактеријата Lactobacillus reuteri, за време на метаболизмот на глицерол до 1,3-пропандиол катализиран од коензим B12-зависната диол дехидраза.

Ројтеринот го инхибира растот на некои штетни Грам-негативни и Грам-позитивни бактерии, како и квасци, мувли и протозои. L. reuteri може да секретира доволни количини на ројтерин за инхибирање на растот на штетните цревни микроорганизми, без да ги уништи корисните цревни бактерии, овозможувајќи на L. reuteri да ги отстрани штетните бактерии и да ја задржи нормалната цревна флора интактна.

Наводи

Категорија:Антибиотици Категорија:Бактериологија Категорија:Првични алкохоли