Марјан Димитријевски (13 јуни 1954, Стрезовце) — македонски историчар и универзитетски професор, член на Институтот за национална историја.

Образование и работен век Марјан Димитријевски е роден на 13 јуни 1954 година во Стрезовце, Кумановско. Своето основно и средно образование го завршил во Скопје. Во 1979 година дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет при ННСГ за историја. За време на неговите студии, Марјан Димитријевски бил избран за „Прв студент-продекан на студентската организација во Деканатот на Филозофскиот факултет“ за периодот 1977-1978.д-р Лидија Ѓурковска, д-р Елена Иванова, „Проф. д-р Марјан Димитријевски, лауреат на наградата „11 октомври“, Скопје, 2016“

За извонредниот успех, во текот на студиите, Деканатот на Филозофскиот факултет го наградил со Писмена Пофалница за постигнатиот одличен успех во студиите, а Заедницата за научни дејности му ја доделува престижната стипендија за талентирани кадри: “Гоце Делчев”. Во учебната 1980/81г. бил професор во гимназијата “Јосип Броз Тито”-Скопје а потоа се вработува во ЈНУ-Институт за национална историја (ИНИ). Магистрирал во 1989 г., а во 1994 г. докторирал на тема: “Македонија во антифашистичката војна 1944-1945”. Во нагорната кариера уредно ги поминува сите научно-наставни звања сè до научен советник-редовен професор.

Научна дејност Научната преокупација е сместена во рамките на научните дисциплини: Нова и најнова историја, Историјата на дипломатијата, Воената историја, Методологијата на научно-истражувачката работа, Учебникарството, Роднокрајната историја, Историјата на медицината, Историја на видни личности од Македонија, Институционалниот развој на високото образование, Музеологијата, Германско-македонските односи и друго.

Проф. д-р Марјан Димитријевски повеќепати научно истражувал во бројни ин¬ституции, библиотеки, институти и архиви во: СР Германија, Србија, Бугарија и други земји. Резултатите од овие истражувања тој ги презентирал на поголем број домашни и меѓународни научни собири и ги искористил во повеќе научни проекти. Раководител е на меѓународниот проект: “Историјата на Југоисточна Европа како составен дел на европската историја”-Пакт за стабилност-Слободен универзитет-Берлин, СР Германија. Раководител на повеќе научно-истражувачки проекти како што се: “Политиката на Третиот Рајх кон Македонија 1933-1945 година”, “Големите сили и Македонија во Втора светска војна 1939-1945 година”, "Делбите на Македонија во 1/2 на XX век"

Проф. д-р Марјан е ментор и учесник во бројни Комисии за одбрана на магистерски и докторски дисертации. Бил уредник на научното списание “Гласник” на ИНИ, уредник и член на редакциски тимови на повеќе други научни списанија и музејски гласници во земјата и странство, бил уредник на поголем број музејски поставки, бил повеќегодишен член на “Комисијата за одбележување на годишнини при Собранието на РМ” и друго. Тој исто така е автор на историските каталози на 11 златни јубилејни монети на Народна банка на Република Македонија издадени по повод 100-години Илинден и др. Проф. д-р Марјан Димитријевски бил член на повеќе Одбори и Комисии за доделување на повеќе престижни републички награди.

На покана на бројни домашни и меѓународни научно-наставни институции проф. д-р Марјан одржал поголем, број предавања на теми од националната историја на Македонија во 19-20 век. Од нив посебно би ги акцентирале: МАНУ по повод 100 години од почетокот на Втората светска војна, МАНУ по повод 70г. АСНОМ, МНР-Институот за геостратешки истражувања при Министерство за надворешни работи на РМ на тема 100 години од почетокот на Првата светска војан и нејзините репркусии во Македонија, 100-години од Битката на Чанаккале и взаемната корелација со Македонскиот фронт на Фондацијата Јунуз Емре и Центарот за стратешки истажувања од Анкара Република Турција, Универзитет Неофит Рилски-Благоевград-Република Бугарија, Универзитет во Осјек Република Хрватска на тема Храватско македонски историски корелации, Универзитет во Тузла на тема Македонското прашање Фрае Универзитет-Берлин СР Германија и други.

Во моментот, во рамките на Секторот за настава при ИНИ, проф. д-р Марјан Димитријевски држи предавања по предметот: “Методологија на научно-истражувачка работа по историја”, "Историја на дипломатија" и “Воена историја на Македонија”. Во повеќедеценискиот научно-истражувачки опус, Проф. д-р Марјан Димитриевски самостојно или во соавторство има објавено преку 100 научни трудови во периодика, како и поединечни монографии, учебници, библиографии, историографии и друго.

Награди и признанија

За својата долгогодишна научна работа и објавени дела Марјан Димитријевски е добитник на поголем број признанија, плакати и награди, меѓу кои се издвојуваат:

„Генерал Михајло Апостолски“, доделена за монографијата: „Македонија во Антифашистичката војна 1944-1945година“ за најдобар историографски труд во 1995г. Годишната награда на Општина Ѓорче Петров за 2010 година. „11 октомври“ - највисоката престижна награда која ја доделува Министерството за култура на Република Македонија, и со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.Доделена државната награда „11 октомври“ за 2015 година Стипендија „Гоце Делчев“, престижна награда во периодот 1975-1979 година за научни дејности издадена од тогашната Републичка заедница

Паралелно со ова тој е добитник на видните странски стипендиии на фондациите како што се:

Институтот Гете од Минхен во 1985 година, Друштвото за Југоисточна Европа од Минхен во 1990 година, ДААД во 1999 година.

Наводи

Поврзано Институт за национална историја

Надворешни врски Одделение за НОВ и најнова историја, Институт за национална историја.

Категорија:Македонски историчари