Злестински манастир — новоизграден манастир во близина на селото Злести, во областа Дебрца. Манастирот е подигнат покрај археолошкото наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, каде е откриена средновековна црква на темели од старохристијанска базилика, за која се верува дека била изградена во времето на светите Климент и Наум.
Градби во манастирот
Во рамките на манастирот се наоѓаат манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“, камбанаријата, конаците, како и значајното археолошко наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, по кого е именувана и новоизградената црква, со што со изградбата на манастирот се продолжила низата на постоење на христијански храмови на ридот над селото Злести.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Црквата започнала да се гради во 2000 година по проект на Драган Танески. Целосно била завршена во 2009 година, кога била осветена од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.
„Св. Богородица Пречиста
Св. Богородица Пречиста (понекогаш спомнувано и како Раштани) претставува старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат во наоѓалиштето „Раштани“, во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Средновековната црква во наоѓалиштето изградена на темели на старохристијанска базилика се верува дека била подигната за време на животот и делото на светите Климент и Наум.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Злести Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Дебарско-кичевската епархија