Дрезден (; , Дрјежѓани) — главен градОдреден по член 2 од Уставот на Саксонија на сојузната покраина Саксонија во Германија. Се наоѓа во долината на реката Елба, близу границата со Чешка. Пошироката област околу Дрезден е дел од метрополитенската област Саксонски Триаголник.Region Sachsendreieck: Карта на Саксонскиот Триаголник
Има долга историја како главен град и седиште на изборните кнезови и кралевите на Саксонија, кои со векови го дополнувале градот со културен и уметнички сјај. Градот бил познат како „кутија за накит“, бидејќи самиот центар на градот бил опсипан со зданија во барок и рококо. Контроверзното бомбардирање на Дрезден при крајот на Втората светска војна убило илјадници цивили и целосно го уништило центарот на градот. Ударот на бомбардирањето и 40-годишниот урбан развој на градот во текот на комунистичката ера во Источна Германија, значајно го изменило лицето на градот. Некои реставрациски работи помогнале да се обноват одредени делови на историскиот стар дел на градот, вклучувајќи ги Хофкирхе, Земперовата опера и Богородичната црква. По обединувањето на Германија во 1990 година, Дрезден повратил одредена важност како еден од културните, образовните, политичките и економските центри на Германија.
Историја
Иако Дрезден е релативно нов град со словенско потекло,Dresden.de. „Праисториски времиња“ 24 април 2007 година. областа била населена уште во неолитот од одредени племиња околу 7500 п.н.е.Natuurhistorisch Museum Rotterdam: Man-animal relationships in the Early Neolithic of Dresden (Saxony, Germany) Основањето на Дрезден и раниот развој е поврзуван со источното ширење на Германите, рударството во блиските Рудни Планини и основањето на Маркгрофовството Мајсен (Мајсенска Марка). Неговото име етимолошки е изведено од старолужичкиот збор Drežďany, што значи „шумарци, шумски народ“. Подоцна, Дрезден прераснал во главен град на Саксонија. На денешен горнолужички, градот се нарекува „Дрјежѓани“.
Рана историја
thumb|250px|„Кнежевска поворка“ — саксонските владетели насликани на мајсенски порцелан
Кон крајот на XII век, словенската населба наречена ДрежѓаниFritz Löffler, Das alte Dresden, Leipzig 1982, p.20 се развила на јужниот брег. Друга постоела на северниот брег, но нејзиното словенско име не е познато. Била позната како Antiqua Dresdin од 1350, а подоцна и како Altendresden, обете буквално означуваат „стар Дрезден“. Дитрих, грофот на Мајсен, го избрал Дрезден како негова привремена резиденција во 1206 година, додека во документите било документирано за место викано „Civitas Dresdene“.
По 1270, Дрезден станал главен град на грофовството. Бил вратен во посед на династијата Ветин околу 1319 година. Од 1485 година бил седиште на војводите на Саксонија, а од 1547 на изборните кнезови.
Нов век
Изборниот кнез и владетелот на Саксонија Фридрих Август I станал крал Август Силниот од Полска во личен сојуз. Тој собрал многу од најдобрите музичари, архитекти и сликари од цела Европа во Дрезден. Неговото владеење ја означила појавата на Дрезден како водечки европски град за технологија и уметност. Дрезден доживеал тешко уништување во Седумгодишната војна (1756–1763), по неговото освојување од пруските сили, неговото последователно повторно освојување и отстранувањето на пруската опсада во 1760. Фридрих Шилер ја напишал неговата Ода на радоста (основа на европската химна) за дрезденската масонска ложа во 1785.
Градот Дрезден имал карактеристична силуета, насликана на познатите слики од Бернардо Белото и од норвешкиот сликар Јохан Кристијан Дал.
Помеѓу 1806 и 1918 градот бил главен град на Кралството Саксонија (кое било дел од Германското Царство од 1871). Во текот на Наполеоновите војни, францускиот цар го направил база на операциите и во негова непосредна близина се одржала познатата Битка кај Дрезден на 27 август 1813 година. Дрезден бил центар на германските револуции во 1848 година со Мајското востание, кое однеле голем број човечки животи и го уништило историскиот стар дел на Дрезден.
Во текот на XIX век, градот станал главен економски центар, вклучувајќи го производството на моторни возила, преработка на храна, банкарство и производство на медицинска опрема.
Во почетокот на XX век, Дрезден бил особено познат по неговите изработки на камери и неговите тутунски фабрики. Помеѓу 1918 и 1934 година, Дрезден бил главен град на првата Слободна Држава Саксонија. Дрезден бил центар на европската модерна уметност до 1933 година.
Воена историја
thumb|250px|Слика од Дрезден во текот 1890-тите, пред големото уништување во Втората светска војна. Прикажани се знаменитостите Богородичната црква, Августов мост и Хофкирхе.
Во текот на основањето на Германското Царство во 1871 година бил изграден голем воен објект наречен Албертштат.Rüdiger Nern, Erich Sachße, Bert Wawrzinek. Die Dresdner Albertstadt. Dresden, 1994; Albertstadt – sämtliche Militärbauten in Dresden. Dresden, 1880 Имал капацитет за сместување на 20.000 војници на почетокот на Првата светска војна. Гарнизонот имал ограничено искористеност помеѓу 1918 и 1934 година, но потоа повторно бил целосно искористен како подготовка за Втората светска војна.
Неговата корисност била ограничено по нападите на 17 април 1945 годинаAir Force Historical Studies Office: Историски анализи на бомбардирањето на Дрезден на 14-15 февруари 1945 вклучувајќи го списокот на сите бомбардирања на железничката мрежа (особено кон Бохемија).Bergander, Götz. Dresden im Luftkrieg: Vorgeschichte-Zerstörung-Folgen, p. 251 ff. Verlag Böhlau 1994, ISBN 3-412-10193-1 Војниците биле распоредени до крајот на март 1945 година во гарнизонот Албертштат.
Албертштат станал седиште на советската армија по војната. Освен офицерската школа на германската армија (Offizierschule des Heeres), во Дрезден повеќе нема ниеден воен објект по повторното обединување на Германија и повлекувањето на советските сили во 1992 година. Денес, Бундесвер управува со Военоисторискиот музеј на Сојузна Република Германија во поранешниот гарнизон Албертштат.
Германскиот Сојузен министер за одбрана Томас де Мезиер живее и ја има неговата политична база во Дрезден.
Втора светска војна
right|thumb|250px|Дрезден во 1945 година; поглед од градското собрание (Rathaus) над уништениот град right|thumb|250px|Дрезден во 1945 година, над деведесет проценти од центарот на градот биле уништени
Дрезден во XX век бил главен комуникациски и производствен центар, како и водечки европски центар на уметноста, класичната музика, културата и науката до неговото целосно уништување на 13 февруари 1945 година. Станувајќи главен град на германската покраина Саксонија, Дрезден немал само гарнизони, туку и цел воен округ, Албертштат. Овој воен комплекс, именуван според саксонскиот крал Алберт не бил специфично бомбардиран во бомбардирањето на Дрезден, иако било очекувано да биде срамнет со земја.
Во текот на последниците месеци на Втората светска војна, Дрезден станал дом на 600.000 бегалци, со вкупно население од 1,2 милиони. Дрезден бил нападнат седумпати помеѓу 1944 и 1945 година и бил окупиран од Црвената армија по германската капитулација.
Бомбардирањето на Дрезден од британските и американските воздушни сили помеѓу 13 и 15 февруари 1945 година останала контроверзна сојузничка акција во текот на војната.
Стариот дел на Дрезден бил во голема мера уништен од 722. британски и 527. американски бомбардери, кои фрлиле 2.431 тон високоексплозивни бомби и 1.475,9 тони запаливо гориво.On the night of the 13th/14th RAF Bomber command dispatched 796 Lancasters and 9 Mosquitos in two raids as part of Operation Thunderclap dropping "1,478 tons of high explosive and 1,182 tons of incendiary bombs" (RAF Bomber Command 60th Anniversary – Campaign Diary February 1945) Високоексплозивните бомби уништиле згради и ја изложило нивната дрвена градба, додека горивото ја запалила, значително намалувајќи ги скривалиштата на преостанатите германски војници и бегалци. Бомбардирањето го уништило скоро во целост стариот дел на градот во трите напади. Според нацистичките извештаи се говорело за 200.000 мртви. Германската историска комисија во Дрезден во официјален извештај издаден во 2010 година, по претходно спроведено петгодишно истражување, известиле за 25.000 жртви, додека десничарските групи продолжиле да тврдат за пола милион жртви.BBC: Up to 25,000 died in Dresden's WWII bombing – report, 18 март 2010
Населениот дел од центарот на градот бил скоро збришан, додека поголемите станбени, индустриски и воени областа во предградијата останале скоро недопрени. Сојузниците ја опишале операцијата како легитимно бомбардирање на воени и индустриски цели.name="USAFHSO_Analysis">Air Force Historical Studies Office: Историски анализи на бомбардирањето на Дрезден на 14-15 февруари 1945 вклучувајќи список на сите бомбардирања Извештај на британската команда наведува дека воена цел била железничката линија Дрезден-Фридриксштат. Подоцна, премиерот Винстон Черчил се повлекол од нападот, иако бил значително вмешан во планирањето на истиот. Неколку истражувачи расправаат дека нападите во февруари биле непропорционални. Главно погинале жени и деца.Addison, Paul and Crang, Jeremy A. (eds.). Firestorm: The Bombing of Dresden. Pimlico, 2006. ISBN 1-84413-928-X. Chapter 9 p.194
Американскиот писател Курт Вонегут во романот Slaughterhouse-Five пренесува искуство од прва рака за самиот напад како воен заробеник. Во сеќавање на жртвите, годишнините на бомбардирањето на Дрезден се одбележани со мировни демонстрации, молитви и маршови.
Повоен период
По Втората светска војна, Дрезден станал главен индустриски центар во Германската Демократска Република (поранешна Источна Германија) со голем дел во истражувачките објекти. Многу важни историски градби биле повторно изградени, вклучувајќи ја Земперовата опера, дворецот Цвингер и многубројни други историски градби, иако водачите на градот одлучиле да обноват голем дел од градот во „модерен социјалистички“ стил, делумно поради економски причини, но исто така да се отстрани минатото на градот како кралски главен град на Саксонија и упориште на германската буржоазија. Меѓутоа, некои од бомбардираните руини на цркви, кралски градби и дворци, како што биле готската црква Света Софија, театарот Алберт и фворецот Вакербарт биле срушени од советските и источногерманските власти во 1950-тите и 1960-тите, наместо да бидат обновени. Споредено со Западна Германија, каде поголемиот дел од историските градби биле зачувани.
Од 1985 до 1990 година, во Дрезден како дел од КГБ се наоѓал Владимир Путин, иден претседател на Русија. На 3 октомври 1989 година (т.н. „битка за Дрезден“), конвој на возови кои ги носеле источногерманските бегалци од Прага поминале низ Дрезден на нивниот пат кон Сојузна Република Германија. Локални активисти и жители му се придружиле на граѓанското движење, кое се ширело низ Германската Демократска Република со одржување на демонстрации и барање за отстранување на недемократската влада.
По обединувањето
thumb|250px|right|Богородичната црква (Фрауенкирхе), неколку години по нејзиното повторно осветување
Дрезден доживеал драматични промени по повторното обединување на Германија во почетокот на 1990-тите. Градот сè уште се носел со раните од бомбардирањето во 1945 година, но бил подложен на значајна обнова во изминатите декади. Обновата на Богородичната црква била завршена во 2005 година, една година пред 800-годишнината на Дрезден, поддржана од приватни фондови. Златниот крст на врвот на црквата бил платен и дониран од Градот Единбург како знак за поврзаноста помеѓу двата града. Процесот на урбана обнова, која вклучувала обнова на областа околу новиот плоштад во која се наоѓа Фрауенкирхе, ќе продолжи со декади, но јавниот и владин интерес останал висок и во тек се бројни големи проекти - како обнова на историски објекти и современи планови - кои ќе ја продолжат неодамнешната ренесанса на градската архитектура.