Свети Никола — главна селска црква на селото Лешани, во чиј двор се наоѓаат и селските гробишта.
Старата црква од 1909 година, која имала под околу 80 см под површината на земјата, а на западната и јужната страна припрата, била урната и на нејзино место била изградена денешната црква, која целосно ја заменила црквата „Успение на Пресвета Богородица“ како главна селска црква.
Сите престолни и празнични икони во црквата се насликани од Русалим Крстев од Лазарополе, кои биле пренесени од иконостасот на старата црква Успение на Пресвета Богородица.
Историја
Била градена од 1909 до 1919 година, а била осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крстев од Лазарополе во 1909 година.
Галерија
Поврзано Лешани Црква „Св. Атанасиј“ Црква „Св. Петар“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Црква „Сите Светци“ Лешански манастир Белчишка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лешани Лешани Категорија:Дела на Дебарската школа