thumb|Фолендам (во прв план на брегот) и Едам (во заден план)
Фолендам () — град во Холандија во провинцијата Северна Холандија, ѝ припаѓа на општината Едам-Фолендам. Во градот живеат околу 22 000 жители (ноември 2007).
Историја Првобитно, локацијата на Фолендам била на пристаништето во близина на општината Едам, која се наоѓала на влезот од Амстердам. Во 1357, жителите на Едам ископале краток канал до Заудерзе со сопственото одвоено пристаниште. Тоа ја отстранило потребата за оригиналното пристаниште, кое било оштетено и се користело за одземање површина од морето. Фармерите и локалните рибари се населиле таму и формирале нова заедница Фолендам што значело нешто како насипна брана. Поголемиот дел од населението припаѓа на Римокатоличката црква, кој е длабоко поврзан со културата на селото. Историски гледано, многу мисионерки, мисионери и епископи израснале во Фолендам. Денес постои параклисот на Пресвета Богородица на вода, кој се наоѓа во селото во паркот.
Пожар во кафуле
На прославата на пречекот на Новата 2001 година, прскалките во кафулето Де Хемел предизвикале краток, но интензивен оган. Имено со палењето на прскалките, се запалиле сувите божиќни украси на таванот, при што таванот целосно паднал и одзел 14 животи, а сериозно биле повредени 200 лица.
Tуризам Фолендам е популарна туристичка атракција во Холандија, добро познат по своите стари рибарски бродови и традиционална облека сè уште носи од страна на некои жители. Женската носија на Фолендам, со својата висока капа, е една од најпрепознатливите на холандската традиционална носија, и често се вклучени во туристички разгледници и постери (иако се верува дека помалку од 50 жени се облечени во оваа носија како дел од нивниот секојдневен живот, повеќето од нив се постари)
Фудбал ФK Фолендам е фудбалски клуб формиран во Фолендам, којшто регуларно игра во Холандската прва лига (Dutch Eredivisie) (во моментот клубот се натрпреварува во втората дизизија).
Музика Фолендам исто така е познат по карактеристичниот стил на музика, која се вика „палингсоунд“ (буквално; звукот на јагулите) кој се однесува на Фолендам како статус на рибарско село. Во текот на 1960 година, локална група „Мачките“ беше многу популарна група во Холандија и во странство. Уште еден бенд од Фолендам беше БЗН (BZN), која стана популарна во доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Во 1995 година БЗН извел дует со десетгодишниот Јан Смит, кој и самиот брзо станал славна личност. Популарните музички групи 3JS и Ник&Симон се славните од Фолендам, чии сите членови учествувале на локалните музички изведби во текот на годините.
Сликари на Фолендам Морис Боател (1919-2007), француски сликар
Наводи
Надворешни врски
Volendam Events - Enjoy Volendam Tourist information about Volendam page about traditional costumes (Dutch) Page about traditional costumes (in English) page about typical local fishing boats (Dutch) Fresh fish products and take-away dinner at the harbour (Dutch)
Категорија:Градови во Холандија Категорија:Едам-Фолендам Категорија:Пристанишни градови во Холандија Категорија:Населени места во Северна Холандија