Дарио Панковски или познат само како Дарио ( во Скопје) — македонски поп-пејач и композитор.
Бон-Тон
Дарио Панковски својата музичка кариера ја започнал во 1980 како дел од новооснованата њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хитови од тоа време се: „Добрите девојки“, „Таа мала Маја и „Старо купувам“. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест.
По распаѓањето на групата, Дарио на неколкупати учествувал на Макфест, како солист.
Миг-21
Во 1992 година, била основана групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.
По неколкуте промени во составот на членовите на групата, во 1994 година, бил издаден нивниот втор албум насловен како „Фанки саунд“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Дај да заспијам“, „Сети се“ и „Секој сака“. Песната „Дај да заспијам“, која претставува латино-балада, била прогласена за хит на годината во 1994 година. Во овој период излегла и најпозната песна „Дупла вотка“ која ги соборила сите рекорди и се задржала долго време на топ листите.
Во 1996 групата, била прогласена за најдобра на годината. Во 1998 година, биле одржани двата големи концерти во Универзална сала, со масовна посетеност.
Соло кариера
Дискографија
Со Миг-21:
Албуми: Бактерија (1992) Фанки саунд (1994)
Компилации: Најхитови...до сега! (1997)
Синглови: Нека биде што биде/Меѓу сите ѕвезди (1995) Да ја видам пак/Дупла вотка (1996) Зајди јасно сонце (1997) Здравје Боже (1998)
Соло кариера
Aлбуми: Дарио (1999) Исток, запад, север, југ (2001) Сите порази и победи (2004) Човек без спомени (2008) Ако силно посакам... (2016)
Компилации: Најхитови + Нови Хитови (1999) Хитови 1 (2006) Хитови 2 (2006) Балади (2010)
Синглови: Дарио,Александар Митевски,Угро - Еднаш човек живее (2003) Место за крај (2003)
Live албуми: 25 Live! (2006)
Спотови Спот Година Режисер Дај да заспијам 1994 - Здравје боже 1998 - Земи се 1999 - Се смеам за да не заплачам 2004 - Плачела 2007 Дарко Антоновски Човек без спомени 2008 Дарко Антоновски Зборови погрешни 2012 Александар Ристовски-Принц Има еден град 2015 Фабрика Не ми е страв 2015 Фабрика Што е мое ќе си дојде 2016 Фабрика Со тебе и без тебе 2016 Фабрика Што је моје то че дочи 2018 Кристијан Габроски, Андреа ПанковскаЗа Европска Македонија2018 -Молитва 2023
Надворешни врски
Дискографија Дискографија на Дарио Панковски евидентирана од ВБУ Музички Регистар.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Пејачи од Скопје Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Македонски композитори Категорија:Југословенски Македонци