мини|десно|180px|Бригадната локомотива 0-8-0T/Dn2t на Henschel прeд депото на МЖ во Скопје
Бригадната локомотива 0-8-0T на Henschel е компактна 10-тонска локомотива воведена 1905 година од страна на германската воeна железница (Feldbahn), а нејзин производител е „Henschel & Sohn“ од Касел, Хесен, Германија, а подоцна и од други производители.
До 1918 се изработени и испратени низ целиот свет околу 2500 парчиња, за југозападната африканска железница, тогашниот дел од германската колонија, како и на западниот фронт и на Балканот каде служела за транспорт на војници и дотур на материјали.
Конструкцијата на подвозот е со две фиксни и две флексибилни оски, т.н. шуплива оска КЛИН-ЛИНДНЕР (KLIEN-LINDNER) систем со радијална зглобна рака која многу полесно ги следи кривините од крутите оски.
Во Република Македонија оваа локомотива масовно се употребувала сè до 1969 година кога е повлечена од употреба. Останати се две вакви локомотиви, од кои една е во паркот на населбата Ѓорче Петров ЈЖ 99.4-025, а втората пред железничката станица во Кичево ЈЖ 99.4-053. Зачувана е уште една бригадна локомотива која е однесена во Белград и поставена пред музејот на железници со ознака ЈЖ 99.4-084.
Технички податоци
Производител Henschel & Sohn
Фабрички број 15079
Година на производство 1917
Дизајн Dn2t
Вид K 44.3
Класификација 0-8-0Т
Класа 99.4
Должина 5885 mm
Максимална брзина 25 км/ч
Тежина 12 t
Контрола Stephenson
Постигнува снага до 75 КС
Притисок во котел 15 бара
Надворешни врски Бригадна локомотива од теснолинејка во Македонија Дислокација на историското вовче По барање на кичевскиот музеј, Утрински весник, 16 октомври 2006
Поврзано Парна локомотива Локомотива Железница Пруга Воз Пионерско вовче
Категорија:Локомотиви