Дол и Ем — британска телевизиска серија создадена од Емили Мортимер и Дол Велс, кои се и главните ликови во неа. Првите шест епизоди од првата сезона премиерно беа прикажани на телевизијата Скај ливинг на 18 февруари 2014 година, а на ХБО (HBO), серијата беше премиерно прикажана на 19 март 2014 година. На 16 октомври 2014 година, Скај Ливинг официјално потврди дека серијата ќе добие и втора сезона која што беше премиерно емитувана на 3 јуни 2015 година. Во Македонија, Дол и Ем беше премиерно прикажана на телевизија Телма.
Улоги Емили Мортимер како Ем. Актерка чиј филм треба да се снима во Лос Анџелес. Дол Велс како Дол. Најдобра пријателка на Ем и нејзин асистент. Џонатан Кејк како Бади, продуцентот. Арон Химелстајн како Мајк, директорот на филмот од Ем.
Синопсис Во серијата станува збор за девојка по име Ем чија професија е глумата. Нејзината најдобра пријателка Дол, ќе и стане личен асистент откако таа ќе одлучи да глуми во филм. Работата и обврските ќе го доведат на испит нивното пријателство.
Епизоди Сезона 1 (2014) Број на епизода Име на епизода Премиерно прикажување 1 „Епизода 1“ 18 февруари 2014 2 „Епизода 2“ 25 февруари 2014 3 „Епизода 3“ 4 март 2014 4 „Епизода 4“ 11 март 2014 5 „Епизода 5“ 18 март 2014 6 „Епизода 6“ 25 март 2014
Сезона 2 (2015) Број на епизода Име на епизода Премиерно прикажување 1 „Епизода 7“ 3 јуни 2015 2 „Епизода 8“ 10 јуни 2015 3 „Епизода 9“ 17 јуни 2015 4 „Епизода 10“ 24 јуни 2015 5 „Епизода 11“ 1 јули 2015 6 „Епизода 12“ 8 јули 2015
Наводи
Категорија:Телевизиски серии