Каналот Мусолини е роман на италијанскиот писател Антонио Пентаки.

Содржина Дејството на романот се одвива во Италија, во периодот меѓу двете светски војни и го проследува доаѓањето на фашистите на власт, како и причините на процесот на бонификација и градењето на градовите во фашистичката ера.„Објавен наградуваниот роман „Каналот Мусолини“ на Антонио Пентаки“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 21. Изданија на македонски јазик Во 2016 година, романот бил објавен на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Или-Или“, како 134. книга од едицијата „ПРОсЗА“. Преводот од италијански јазик го извршила Ирина Талевска. Објавувањето на романот било дел од проектот „Креативна Европа“ на Европската Унија. Награди Во 2010 година, романот ја добил наградата „Стрега“, а исто така се закитил и со наградите „Акви Сторија“ и „Асти д'Апело“.

Наводи

Категорија:Дела на Антонио Пентаки Категорија:Изданија на Или-или Категорија:Италијански романи