Дејвид Џејмс Таулес (); (, ) - британски физичар на полето на физика на кондензираната материја. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Џон Костерлиц и Данкан Холдејн за теоретските откритија во тополошките фазни транзиции и тополошките фази на материјатаThe Nobel Prize in Physics 2016 на официјалното мрежно место на Нобеловата награда. Таулес добил половина, а Холдејн и Костерлиц добиле по четвртина од наградата.

Животопис Дејвид Таулес е роден на 21 септември 1934 година во Берсден, Шкотска.

Образование Таулес се образува на колеџот Винчестер, а дипломирал на колеџот Тринити хол на Кембричкиот универзитет. Докторатот го добил на Универзитетот Корнел, каде Ханс Бете му бил ментор.

Кариера Таулес бил на постдокторски студии на Калифорнискиот универзитет Беркли и професор по математичка физика на Бирмингемскиот универзитет во Обединетото Кралство од 1965 до 1978 година, пред да стане професор по физика на Вашингтонскиот универзитет во Сиетл во 1980 година. Таулес има бројни теоретски придонеси за разбирање на проширените системи на атоми и електрони и за нуклеоните. Тој исто така работел на појавите на суперспроводливсот, на својствата на јадрената материја и на предизвикани заеднички движења во јадрата.

Награди и почести Таулес бил избран за: Член на Кралското друштво во 1979 година, Член на Американското физичко друштво Член на Американската академија за уметности и науки Член на Националната академија за науки на САД

Меѓу неговите награди се: Максвелов медал и награда (1973) Волфова награда за физика (1990) Пол Дираков медал на Институтот за физика (1993) Награда Ларс Онсагер на Американското физичко друштво (2000) Нобелова награда за физика (2016)

Наводи

Категорија:Британски физичари Категорија:Американски физичари Категорија:Британски нобеловци Категорија:Американски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Добитници на Волфовата награда за физика Категорија:Американски јадрени физичари Категорија:Шкотски нобеловци Категорија:Починати во 2019 година Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Корнел“ Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет